Комисијата за европски прашања при долниот дом на Германскиот парламент денеска треба да расправа за состојбите во Западниот Балкан, јавува програмата на македонски јазик на германскиот државен сервис „Дојче Веле“.
На седницата која ќе биде затворена за јавноста треба да бидат презентирани информации за земјите од Западниот Балкан.
Меѓу точките на дневниот ред се и состојбата во Македонија, Босна и Херцеговина, а се очекува да стане збор и за политичката ситуација во Албанија и Косово.
Во Комисијата за европски прашања при Бундестагот членуваат 34 пратеници од сите парламентарни партии, од нив најголем дел 17 се пратеници на централнодесничарската сестринска група ЦДУ/ЦСУ, 11 од Социјалдемократите, и по тројца од „Левица“ и „Зелените“.