НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ молчи за средбата на Груевски со Меркел

0
By Нова ТВ on March 31, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ВМРО-ДПМНЕ ниту денеска не испрати информации, ниту пак сакаше да сподели повеќе детали со јавноста околу средбата на лидерот на партијата, Никола Груевски со германската канцеларка Ангела Меркел. НОВА ТВ денеска го контактираше портпаролот на партијата Иво Котевски за повеќе информации, но тој ни одговори дека на оваа тема нема да има ниту соопштение, ниту изјава.

„Единствени информации се оние кои ги објавиле медиумите кои сами дознале нешто, нема ништо повеќе“, рече Котевски.

Порталот „Курир“, повикувајќи се на порталот „Прес 24“ вчера објави дека Груевски на маргините на Конгресот на ЕПП во Малта се сретнал со Меркел. Според порталот на оваа средба присуствувал и претседателот на Комитетот за надворешни работи во европскиот парламент и прв потпретседател на ЕПП, Дејвид Мекалистер и неколку други нејзини соработници.

„На средбата, како што дознава Прес24 претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ја објасниле актуелната политичка ситуација во Македонија, предизвиците со кои се соочува земјата и политичката криза, како и можните решенија за излез од неа и движење на земјата напред кон НАТО и ЕУ. Според информациите, двете страни размениле свои видувања за состојбата и мислења за можните опции за понатаму“, пишува Курир.

Инаку вчера од партијата преку соопштение информираа дека Груевски остварил неколку средби во Малта, но средбата со Меркел не е спомната во соопштението.

„Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го искористи гостувањето на Конгресот на Европската Народна Партија (ЕПП) за да оствари средби и разговори со лидерите во Европа, Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск и со Претседателот на Европскиот Парламент, Антонио Тајани, со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, со Јанез Јанша од Словенија, со домаќинот на Конгресот и самитот на ЕПП на Малта, претседателот на Националната партија на Малта, Симон Бустил, со федералниот министер за земјоделство на Сојузна Република Германија и секретар за финансии на ЕПП Кристијан Смид, со европратениците Ебер Брок и Алојз Петерле, со поранешниот премиер на Италија и лидер на партијата Форца, Италија, Силвио Берлускони и уште десетина други формални и неформални средби“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Ангела Меркел ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.