НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

БЕСА и СДСМ потврдија: Коалицијата останува

0
By Нова ТВ on April 1, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од БЕСА Африм Гаши во гостувањето во  Топ Тема вчеравечер негираше дека БЕСА ги повлекла потписите за поддршка на новата влада.

-Не сме донеле одлука дали ќе влеземе во влада. Разговаравме само за избор на претседател на Собранието. Ние не ги повлекуваме потписите, ќе го помогнеме процесот колку што можеме, рече Гаши.

Според него , ирационално е да се помисли дека би коалицирале со ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние сакаме нова, реформска влада, СЈО да проработи, сакаме Специјален суд. БЕСА гледа процес кој е добар за граѓаните и помага на тој процес. Сметаме дека Груевски не е добро да биде повторно премиер, рече Гаши.

Гаши исто така рече дека не го спречуваат процесот за избор на претседател на Собрание и дека  тој може да се избере и без нив, туку само сакаат да укажат дека на ваков начин и со условувања таквата влада нема да биде реформска.

Дека БЕСА останува во новото парламентарно мнозиство потврди и генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, во вчерашното гостување на 24 Анализа на ТВ 24.

И Гаши и Спасовски реагираа на изјавата на портпаролот на ДУИ Артан Груби дека БЕСА не го подджала кандидатот за спикер на Собранието Талат Џафери и се повлекла од идната коалиција.

Тој, пред вчерашното Централно претседателство на ДУИ, на кое меѓудругото се разговарало и за ова, посочи дека однесувањето на БЕСА е неприфатливо и постојат недоразбирања што може да ја наруши коалицијата.

Сепак, Спасовски вели дека за ваквите изјави треба да се бара одговор од самиот Груби.

Спасовски исто така рече дека нема да има нови избори и дека нема откажување од формирање на институциите од страна СДСМ и парламентарното мнозинство.

Истакна дека се разгледуваат различни стратегии, за кои не сакаше да говори во јавноста, но дека нема откажувања ниту од ДУИ, ниту од Беса и Алијансата на Албанците.

Цврсто сме решени за смена на Никола Груевски и мирна транзиција на власта“, рече Спасовски.

Беса Гаши ДУИ коалиција Оливер Спасовски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.