НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските социјалисти бараат од ЕНП да престане да молчи за Унгарија

0
By Светлана Јовановска on April 4, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре унгарскиот парламент треба да донесе одлука за иднината на Универзитетот на Централна Европа (ЦЕУ), академска институција во која студираа и многу студенти од Македонија и другите екс југословенски земји.

Според законот кој треба да се дебатира во Парламентот, странските факултети мора да имаат кампус во Будимпешта и во државата од која доаѓаат. ЦЕУ, кој делува само во унгарската престолнина, е единствена меѓународна високошколска установа без ограноци на други места.

Факултетите мора да изберат или да го спроведуваат овој закон или да престанат да прифаќаат нови студенти.

Во неделата во Будимпешта 10.000 луѓе излегоа на улица за да му дадат поддршка на Универзитетот што е финансиран од милијардерот Џорџ Сорос. Тие бараа слобода за нивните студии и изјавуваа дека со овој потег унгарскиот премиер Виктор Орбан го покажува своето вистинско лице и, како и сите диктатори, сака да го затвори овој Универзитет.

ЦЕУ постои од 1991 година и на него дипломирале над 15.000 студенти од 100 земји. Оваа установа беше креирана за да им се помогне на екс комунистичките земји да изградат либерални општества. Но тој принцип е во судир со идеите на Орбан кој пред две години се заложи за креирање на илиберална држава.

Ректорот на ЦЕУ Мајкл Игнатиев изјави за агенцијата АФП дека цел на Орбан е да ја затвори оваа установа.

Орбан го обвини ЦЕУ за лага. Според премиерот, овој универзитет може да издава унгарска диплома како да е американска а тоа, според Орбан, “неправедно му дава предност” во однос на унгарските универзитети.

Универзитетот веднаш ги отфрли овие обвинувања:

“Во текот на 25 години бевме партнери во рамките на високото образование во Унгарија и секоја изјава која го тврди спротивното е лажна”, соопшти ЦЕУ.

Орбан се надева дека новата американска администрација ќе му помогне во обидите да го затвори и намали влијанието на ЦЕУ.

Засега оваа надеж се чини залудна. Американскиот Стејт Департмент ја повика унгарската влада да не го донесува законот:

“Ја повикува владата на Унгарија да избегне законски мерки кои би можеле да го компромитираат функционирањето на ЦЕУ и неговата независност.”

Реакција дојде и од Европскиот парламент (ЕП). Социјалистичката група во ЕП ја обвини Демохристијанската група – Европската народна партија (ЕНП) во ЕП, на која и припаѓа партијата на Орбан, дека молчи пред сите напади врз демократијата кои се случуваа во Унгарија.

Според социјалистите, сегашното ниво на демократија во Унгарија е неприфатливо за земја членка на ЕУ.

Но тие пред се ги прашаа нивните демохристијански колеги зошто молчат пред овој распад на демократските вредности:

“Скандалозно е што Орбан и неговата партија Фидеш се се уште членови на демохристијанското семејство. Што ли уште треба да се случи во Унгарија за да можат тие да најдат храброст да кажат нешто за загрижувачката состојба на Унгарија”, праша претседателот на социјалистите Џани Питела.

Тие ја повикаа Европската комисија да преземе акција против Орбан кој го напуша патот на демократијата.

Со доаѓањето на власт во 2010 година, Орбан прво се сврте кон медиумите и слободата на изразувањето. Потоа му пречеа невладините организации финансирани од странски фондови. Унгарските инспекции “ги чешлаа” сметководствата на невладините но не успеаа да најдат пропусти.

 

Виктор Орбан Европски социјалисти ЕНП ЕП Унгарија Универзитетот на југо-источна Европа ЦЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.