Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал во Шпанија: Наместија да загубат 12:0, тренерот уапсен

0
By Нова ТВ on April 4, 2017 СПОРТ
Foto: Twitter
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 4, 2017 22:04

Шпанската полиција почна истрага за фудбалски натпревар кој е под сомнение дека е наместен. Поради тоа е уапсен Филипо Вито ди Пјеро, тренер на третолигашот Елденсе.

Тимот на Елденсе во изминатиот викенд загуби од Барселона Б со 12:0, а приведувањето на Ди Пјеро дојде по жалбите на поедини фудбалери кај претседателот на клубот за нерегуларности. Тој, пак, негира секаква злоупотреба.

Елденсе во неделата ги стави „под мраз“ сите активности, а ја прекина соработката и со група на италијански инвеститори со кои неодамна потпиша договор за партнерство.

Барселона Б, пак, со триумфот од 12:0 го израмни рекордот во шпанската трета лига. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу Екстрамадура и Портуенсе во 1993 година.

Фудбалерот Шеик Саад за шпанските медиуми изјави дека четворица негови соиграчи се вклучени во нерегуларности. Меѓу нив и оние кои крајот на мечот го дочекале во солзи без притоа да ги именува. Тој откри дека резултатот бил договорен да биде 8:0 на полувреме и 12:0 на крај.

„На крајот сè ќе биде откриено“, рече Саад и додаде дека одбил да игра.

Претседателот Давид Агилар истакна дека од менаџер на еден од фудбалерите дознал за местење на мечот во договор со интернет обложување. Притоа изнесе забелешки за необични одлуки на италијанскиот тренер меѓу кои и користење на играчи кои дотогаш не биле стандардни.

Барселона Б Елденсе истрага Местење фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 7, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

ВЕСТИ May 7, 2026

Администрацијата на претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Доналд Трамп претстави нова стратегија за борба…

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

May 5, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.