Поради местење натпревари: УЕФА суспендира руски судија и летонскиот клуб Вентспилс

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) изрече десетгодишна суспензија за рускиот судија Сергеј Лапочкин, додека летонскиот фудбалски клуб Вентспилс е казнет со седумгодишна забрана за настап во еврокуповите...

Местел мечеви, заврши кариера: Доживотна суспензија за бразилскиот тенисер Жоао Соуса

Истрагата покажа дека тој во периодот од 2015 година до 2019 година бил вклучен во лажирање на резултати на тениски мечеви на АТП и ИТФ турнири во Мексико, САД, Бразил и Чешка за што ќе плати и казна од 200.000 долари

Афера го тресе тенисот: Освојувач на три АТП титули и член на топ 30 местел мечеви

Истрага што е актуелна и трае веќе година и пол опфаќа дури 135 тенисери кои се најдоа на листата на сомнителни дека лажирале исходи на мечевите. Меѓу нив и претставници на Франција, на САД, на Белгија, на Шпанија. Според германските медиуми „ЗДФ“ и „Ди Велт“, се чини дека истрагата води кон еден нивни репрезент со иницијали М.Х. а во скандалот со наместени натпревари се споменува и член на топ 30 на АТП листата кој има три турнирски победи во кариерата

Фудбалска афера во Грција: Газдата на Олимпијакос осомничен за местење

На тапет кај грчките власти, покрај првиот човек на „црвено-белите“ од Пиреја, се најдоа уште 27 лица. Дел од нив се поранешни вработени во клубовите и во телата на Федерацијата, а дел се сè уште активни чинители во најважната споредна работа во светот

Тенис: Три меча на Вимблдон и еден на Ролан Гарос под лупа за лажирање

Единицата за тениски интегритет (ЕТИ) соопшти дека е поведена истрага по невообичаено високите уплати што биле забележани низ обложувалниците ширум светот. Она што е достапно како информација за јавноста е дека во фокус се мечеви од квалификации за главните турнири на гренслемите во Лондон и во Париз. Имињата на тенисерките засега се држат во тајност

Албански фудбал: Одземена титулата на Скендербег поради местење

Ова доаѓа по одлуката на Етичкиот комитет при Фудбалската федерација на Албанија што е образложена со „влијание на резултати што е во спротивност на спортската етика“. Клубот од Корча е казнет и со 14,800 евра и со минус 12 бода за сезоната 2016/17, а лани од УЕФА доби и едногодишна забрана за настап во европските фудбалски купови