Граѓаните нема да живеат во поделена бинационална и изолирана земја само заради тоа што криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со одговорноста, обвинија денеска од СДСМ.
Од партијата велат дека ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и Иванов не смеат да ја водат државата кон изолација само за да ги заштитат своите криминални активности.
„Ниту една криминална нафтена платформа нема да биде пречка за остварување на мнозинската волја. Последните пораки на пратеници, претставници и институции на ЕУ, последните извештаи на меѓународни организации и медиуми како оние на Фридом Хаус и Економист јасно укажуваат на итно деблокирање на демократските процеси и почитување на демократските принципи. Секое попречување на демократските процеси значи закана по демократските вредности и ја носи Македонија во натамошна изолација од демократскиот свет“, пишува во соопштението на партијата.