Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Убиствата на деца во Сирија кај мене ги премина линиите

0
By Нова ТВ on April 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 6, 2017 11:44

Претседателот на САД, Доналд Трамп го осуди убивањето на дузина цивили во северниот дел на Сирија со хемиско оружје. Како што вели тој, ваквите постапки се спротивни од човештвото.

„Кога се убиваат мали деца, невини бебиња, со тоа се преминуваат неколку линии“, изјави Трамп одговарајќи на прашањето дали нападот ја преминал црвената линија кај него.

И додека Русија тврди дека чинителот на убиствата се бунтовниците а не режимот на Башар Ал-Асад, американските групи кои се дел од Обединетите нации тврдат дека Русија лаже и се залага за сиријскиот претседател.

„Веќе подолго време Русија го употребува лажниот наратив за да го пренасочи вниманието од нивниот сојузник во Дамаск“, рече Ники Хејли за време на последната, тензична дебата во Советот за безбедност на ОН.

Таа дури се закани дека бидејќи Обединетите нации потврфлуваат пред вакви проблеми, нејзината земја може да дејствува во свое име.

Но и покрај тврдењата дека Башар Ал-Асад самиот ги убива своите сонародници, тој го негира тоа и вината ја префрла кај бунтовниците со кои е во воен конфликт веќе неколку години.

Според Сириската опсерваторија за човекови права, при нападот во вторникот, 20 деца и 52 возрасни се убиени во провинцијата Идлиб. На социјалните мрежи и медиумите веќе се појавија видеа и фотографии  од деца кои се гушат и се вознемирувачки за гледање.

Трамп тврди дека по последниот напад, негово мислење за Башар Ал-Асад комплетно се променило.

„Ви велам, моето мислење за Сирија и Асад се промени. Сега зборуваме за едно сосема друго ниво“, рече Трамп по средбата со кралот Абдула од Јордан.

Истовремено, државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон ја повика Русија да размисли кога го поддржува Асад при неговото дејствување.

Веднаш по нападот Русите се огласија и потврдија дека сиријски авиони извршиле напади, но врз мини-фабрики за производство на хемиско оружје кои им припаѓале на бунтовниците.

Ова не е прв пат да сиријската влада биде обвинета за хемиски напад врз своите жители. Во август 2013 година Западот ја обвини владата на Асад дека извршила убиства во Дамаск, по што тој пак ги обвини бунтовниците.

Според официјалните бројки, над 250.000 луѓе загинаа во последните неколку години за време на граѓанската војна, но се чини дека ниту едно политичко решение не е на повидок и дека секојдневно само цивилите ќе страдаат поради страстите на политичарите.

Доналд Трамп Сирија хемиски напад цивили
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.