НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Примера: Жешка шлаканица за Барселона, Реал останува лидер

0
By Нова ТВ on April 9, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тежок удар по шампионските амбиции на Барселона. Каталонците загубија на гостувањето кај Малага со 2:0 и пропуштија прилика за бодовно израмнување со Реал Мадрид и преземање на врвот на табелата во Примера.

Тимот на Луис Енрике беше просечен на „Ла Росаледа“. Беше прилично далеку од вообичаеното ниво, често правеше грешки и оставаше доста простор за разигрување на расположениот ривал чии контранапади беа постојана закана по Тер Штеген. Од една таква ситуација, во 32 минута, Малага поведе преку Сандро Рамирез кој ја искористи, почетнички, бавната реакција на противничките играчи во дефанзивната линија и ги фрли во транс навивачите на трибините.

Мисијата на домашните за задржување на стекната предност беше олеснета во голема мера во 65 минута. Офанзивата на Барса по израмнување ја „пресече“ Нејмар. Бразилецот доби директен црвен картон и ги остави на цедило соиграчите.

Тие, пак, во продолжение на средбата честопати трошеа енергија на полемика со судијата одошто ја насочуваа кон голот на Малага, а дополнително ги измести и недосудениот пенал, прекршок што беше извлечен надвор од казнениот простор. Конечните 2:0 ги постави Хони во 90 минута.

Победник немаше во фудбалската битка за Мадрид. Реал и Атлетико одиграа 1:1 на „Сантијаго Бернабеу“, исход што, за среќа по „кралскиот клуб“, подоцна не беше искористен од Барселона. Пепе обезбеди предност за екипата на Зидан во 52 минута што ја поништи Антоан Гризман во 85 минута.

„Кралевите“ остануваат лидери на табелата со 72 бода, три повеќе од Каталонците и меч помалку, Атлетико Мадрид е трет со 62.

Примера, 31 коло

Резултати

Малага – Барселона 2:0

Севилја – Депортиво ла Коруња 4:2

Реал Мадрид – Атлетико Мадрид 1:1

Еспањол – Алавес 1:0

Вилјареал – Атлетик Билбао 3:1

Гранада – Валенсија (недела, 12 ч.)

Селта – Еибар (недела, 16.15 ч.)

Осасуна – Легањес (недела, 18.30 ч.)

Лас Палмас – Бетис (недела, 20.45 ч.)

Реал Сосиедад – Спортинг Хихон (понеделник, 20.45 ч.)

Барселона Реал Мадрид фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.