НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грабеж во Тутунска: МВР и банката должат многу одговори

0
By Нова ТВ on April 12, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сите нелогичности околу украдените пари од НЛБ Тутунска банка

Денешното соопштение на Министерството за внатрешни работи кое требаше да го расветли грабежот што од 6 април (четврток) до 10 април (понеделник) се случувал во НЛБ Тутунска банка само дополнително ја заплетка ситуацијата и отвори дополнителни прашања.

Според соопштението на МВР парите од трезорот ги извадил вработен во секторот трезорско работење и депо Бобан Смилевски.

Бобан Смилевски е приведен и судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Грабежот се одвивал од 6 до 10 април. 

  • Од првиот ден никој не забележал дека фалат пари во тезорот.

Првиот дел од парите биле украдени од пратка со милион швајцарски франци која требала да биде пратена по авион.

  • Дали и колку често фирмите праќаат милиони франци во кеш по авионски пратки?

Осомничениот два пати сам влегол во трезор и украл 375.000 евра.

  • Според безбедносните процедури за влез во трезор потребни се два клуча кои стојат кај двајца различни вработени.

Кога сфатил дека не може да ги врати парите украл уште два милиони швајцарски франци и 270.000 евра

  • По втор пат за неколку дена, вработениот сам влегол во трезорот извадил пари и ги скрил во украсна ќеса.
  •  Осомничениот е во притвор, а парите никаде ги нема.
  • Во банките има видео надзор и никој од вработените, ниту пак од обезбедувањето не забележал што се случува во банката.

Иако неколку дена никој не забележал дека фалат пари од пратките кои Тутунска банка ги праќала и од трезорот на банката, МВР успеало да обезбеди докази дека осомничениот бил свесен и имал намера да ги украде парите.

„Врз основа на издадени наредби за претрес на дом и други простории од страна на Кривичниот суд и извршени претреси на локации во Скопје, како и извршени разговори со одговорни лица во НЛБ Тутунска банка АД Скопје и други вработени лица во банката, обезбедени се писмени докази кои укажуваат на свесноста и намерата на пријавениот да го изврши кривичното дело“, пишува во соопштението на МВР.

Претседателот на Управниот одбор на Тутунска банка, денеска на прес-конференција кажа дека не може да даде повеќе одговори за ситуацијата од она што го кажале во вчерашното соопштение за јавноста.

грабеж кеш МВР НЛБ Тутунска банка панка пари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.