Парламентарното мнозинство е власт, Иванов нема да ја попречи граѓанската волја штитејќи криминалци, реагираат денеска од СДСМ на интервјуто на Иванов за австрискиот весник „Винер Цајтунг“.
Од партијата велат дека Ѓорге Иванов нема право да се однесува тирански кон својот народ, само за да удоволи на еден човек и неговата фамилија да ги реализираат нивните криминални платформи.
„Со тоа Иванов е соучесник во злото што им се нанесува на граѓаните. Граѓаните на Македонија имаат свои легитимни претставници во Парламентот. Тоа е стабилно парламентарно мнозинство кое е власт во државата! Парламентарното мнозинство има обврска и ќе ги заштити граѓанските и државните интереси, со тоа што ќе ја формира новата реформска Влада на унитарна Македонија, согласно Деловникот, Уставот и законите. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се опозиција. Иванов нема да ги попречи демократските процеси“, пишува во соопштението на СДСМ.