Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Премиерлига: Челзи на колена пред Јунајтед на задоволство на Тотенхем

0
By Нова ТВ on April 16, 2017 СПОРТ
Фото: eurosport.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, April 16, 2017 20:55

Се враќа неизвесноста за шампионската титула во Премиерлигата. Заслугите за тоа одат на сметка на Жозе Мурињо чиј Манчестер јунајтед во дербито на 33 коло го разоружа Антонио Конте и го совлада неговиот Челзи со 2:0, па лондонските ривали сега ги делат четири бода на врвот на табелата. „Сините“ од „Стемфорд бриџ“ имаат 75, „спарси“ се зад нив со 71.

Португалецот се реши за изненадувачки потег за почетниот состав каков не очекуваше никој, а на најмаллку Конте. На клупа го остави Златан Ибрахимовиќ и на терен го испрати Маркус Рашфорд на што младиот англиски репрезентативец одговори на најдобар можен начин. Го постигна водечкиот гол во осмата минута, откако доби длабочинска топка на Андер Ерера што ја прифати и успеа да му побегне на Давид Луиз.

Реализацијата предизвика забелешки на адреса на главниот судија Медли кој не виде контакт со рака на Шпанецот за прекин на акција на Челзи, а неми во ситуацијата останаа и неговите асистенти.

Фото: tuttosport.com

До паузата изостанаа возбудувања на „Олд трафорд“. Манчестер Ј. ја имаше контролата, а Челзи тешко врзуваше игра, беше немоќен во креацијата на прилики и овојпат беше бледа сенка на лидер на табелата. Накусо по враќањето на терен „црвените ѓаволи“ ја дуплираа предноста. Асистентот на водечкиот гол, во 49 минута и самиот се впиша во листата на стрелци за 2:0. При движење кон голот, топката го закачи Курт Зума, го прени правецот и отседна во мрежата.

Рашфорд, денешниот џокер на Мурињо, по еден час игра имаше прилика за нов гол меѓутоа шутира крај рамките на работното место на Асмир Беговиќ. Конте се обиде со замени да избегне пораз. Ги уфрли Фабрегас наместо Мозес, Вилијан наместо Матиќ и Лофтус-Чик наместо Зума, но посакуваниот ефект изостана, прво на задоволство на Жозе Мурињо и Манчестер јунајтед, а потоа и на Маурисио Покетино и Тотенхем кој по триумфот над Борнмут со 4:0 сериозно се враќа во игра за шампионскиот трон.

Премиерлига, 33 коло

Резултати

Манчестер јунајтед – Челзи 2:0

ВБА – Ливерпул 0:1

Саутемптон – Манчестер сити 0:3

Вотфорд – Свонси 1:0

Сандерленд – Вест Хем 2:2

Стоук – Хал 3:1

Евертон – Барнли 3:1

Кристал палас – Лестер 2:2

Тотенхем – Борнмут 4:0

Мидлсборо – Арсенал (понеделник 20,45 ч.)

Табела: Челзи 75 (-1), Тотенхем 71 (-1), Ливерпул 66, Манчестер сити 64 (-1), Манчестер јунајтед 60 (-2), Евертон 57, Арсенал 54 (-3), ВБА 44, Саутемптон 40 (-2), Вотфорд 40 (-1), Стоук 39, Лестер 37 (-1), Вест Хем 37, Барнли 36, Кристал палас 35 (-1), Борнмут 35, Хал 30, Свонси 28, Мидлсборо 24 (-2), Сандеренд 21 (-1).

Манчестер Ј. Премиерлига фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.