НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Вардар триумфално и на Чаир, Шкендија со реми во Кратово

0
By Нова ТВ on April 23, 2017 СПОРТ
Фото: fkvardar.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од коло во коло Вардар е се поблиску до титулата во фудбалскиот шампионат на Македонија. Тоа е случај и по денешното 28. во сезоната во кое лидерот впиша нова победа, но не и Шкендија. Скопските „црвено-црни“ триумфира против Шкупи со 2:0, тетовските ремизираа (1:1) кај Силекс, па предноста на врвот на табелата на осум рунди до крајот е 13 бода во корист на тимот на Гоце Седлоски.

Боарето во 20 минута и Барсегјан во 54. беа стрелци за вардарци на Чаир за вкупно 21 триумф во сезоната.

Двата во Кратово, пак, беа постигнати во две минути во второто полувреме. Филиповски погоди за Силекс во 46 минута, само тргнаа од центар Шкендија израмни преку Жуниор.

Пелистер ја совлада Победа во новата пелагониска пресметка со 1:0. Голот на Трифуновски во 78 минута беше решавачки за победникот. Најубедлива беше екипата на Ренова која со 4:0 ја испрати Брегалница за Штип. Мишковски во 16 минута, Велинов во 65. и на двапати Нафиу во 85. од пенал и во 90. реализираа за тимот од Џепчиште.

Вчера, во воведниот дуел од 28 коло Работнички и Македонија Ѓ.П. одигра без победник (1:1) на „Телеком арена“. Јонузи во 27 минута донесе радост за ѓорчепетровци, Елмас во 43. за дебармаалци.

Прва лига, 28 коло

Резултати

Шкупи – Вардар 0:2

Силекс – Шкендија 1:1

Пелистер – Победа 1:0

Ренова – Брегалница 4:0

Работнички – Македонија Ѓ.П. 1:1

Табела: Вардар 68, Шкендија 55, Работнички 47, Пелистер 40, Ренова 38, Силекс 36, Шкупи 29, Победа 23, Брегалница 19, Македонија Ѓ.П. 19.

Идно коло (26.04.2017 година): Шкендија – Вардар, Работнички – Шкупи, Брегалница – Пелистер, Победа – Силекс, Македонија Ѓ.П. – Ренова.

Вардар Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.