Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ: Во транзиција сум, нов тренер за три до четири недели

0
By Нова ТВ on May 15, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 15, 2017 16:13

Новак Ѓоковиќ се опиша дека минува низ период на транзиција, а дефинитивната одлука за новиот тренер ќе биде позната за три до четири недели. Српскиот тениски ас неодамна ја раскина соработката со целокупниот стручен штаб на чело со Маријан Вајда и соработниците во новиот ги најави по завршување на Ролан Гарос.

„Се што досега направив ме прави да бидам горд. Време е да тргнам натаму. Не беше мала и лесна одлуката за разделба со стручниот штаб, но почувствував дека се потребни промени. Мал број на тенисери работат со ист тим 10 години. Амбициите и целите остануваат исти. Нема да одам на турнири колку да одиграм туку ќе одам да се борам и освојувам трофеи. Вербата во себе не ме напушти“, изјави Ѓоковиќ за интернет страницата на Асоцијацијата на тениски професионалци (АТП).

Меѓу оние малку тенисери што имале ист тим со години е случај и со Ѓоковиќ. Во кариерата соработувал со осум тренери. Почетоците се врзани за Јелена Генчиќ (1993-1999 година) по што следуваа договори со Никола Пилиќ (1999-2003), Дејан Петровиќ (2004-2005), Рикардо Пјати (2005-2006), Маријан Вајда (2006-2017), Марк Вудфорд, Тод Мартин (2009-2010) и Борис Бекер (2013-2016).

„Да треба да го опишам мојот статус со еден збор, тоа би била транзиција. По една деценија дојдов до заклучок дека е момент за промени да тргнам напред. Од почетокот на кариерата напредував до успех, играв на високо ниво, а по Ролан Гарос не знаев што и како да чувствувам. Никогаш, сепак, немав проблеми со мотивација“, додаде Ѓоковиќ.

Вести за новиот тренер не сподели со јавноста иако низ кулоарите се врти Андре Агаси како потенцијален наследник на Маријан Вајда.

„Засега нема ништо ново. Верувам дека имате разбирање за ситуацијата. Ми треба време да размислам и во наредните три до четири недели ќе знам се“, заклучи поранешниот прв светски рекет кој моментно се подготвува за настап на Мастерсот во Рим.

Новак Ѓоковиќ тенис транзиција Тренер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.