НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски изврши увид на автопатот за којшто е осомничен

0
By Нова ТВ on May 22, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој е осомничен во два нови случаи на СЈО, „Траекторија“ и „Талир“, денеска изврши увид на автопатот за којшто е осомничен дека ја злоупотребил службената положба.

Како што пренесоа провладините медиуми, рапорт на Груевски за автопатот Скопје – Штип, му давал техничкиот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Мисајловски изјавил дека автопатот ќе биде готов предвреме од првично планираниот датум, мај 2018 година, а тоа се должело на интензивирање на работата на терен.

фото Курир

„Ова ни беше ветување во програмата, автопатот се гради веќе две – три години од 2014 година. Со неговото завршување патувањето од Скопје до Штип и од Штип до Скопје ќе трае 35 до 40 минути“, рече Груевски.

Покрај Мисајловски, на увидот на Груевски друштво му правеа и пратениците Трајче Димков и Никола Мицевски, како и градоначалниците на Свети Николе, Зоран Тасев, како и градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.

 

Никола Груевски е првоосомничен во случајот „Траекторија“ за злоупотреба на службената положба, односно за местење на тендер за избор на фирма изведувач на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид. Тој, заедно со екс министерот, Миле Јанакиески, вицепремиерот, Владимир Пешевски, како и уште еден функционер незаконски ја избрале кинеската компанија „Синохидро“ да ги гради делниците, а со тоа го оштетиле буџетот за сума од 155 милиони евра.

фото Курир

 

Трасата во должина од 47 километри ја гради кинеската компанија „Синохидро Корпорација“, додека како подизведувачи на работите се јавуваат македонските фирми „Гранит“ и „Бетон“ од Скопје.

автопат Никола Груевски Синехидро СЈО Траекторија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.