НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мартин Протоѓер од април го вработиле во ВМРО-ДПМНЕ

1
By Нова ТВ on May 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Долгогодишниот шеф на кабинет на поранешниот премиер Никола Груевски, Мартин Протоѓер, од минатиот месец е вработен во ВМРО-ДПМНЕ, дознава НОВА ТВ. Од април годинава Протоѓер на платниот список на партијата им се придружи на екс министрите Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, како и на поранешниот портпарол во МВР, Иво Котевски.

Протоѓер, кој важеше за десна рака на Груевски и во владата се смести уште од првиот ден од мандатот во 2006 година, го напушти техничкиот премиер Емил Димитриев и засолниште најде во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поранешните министри Јанкулоска и Јанакиески кои си поднесоа оставки во мај 2015 година, до мај следната година биле на апанажа, а потоа се вработени во партијата. Јанкулоска во ВМРО-ДПМНЕ добива плата од 63.000 денари, а овој податок е јавен преку анкетниот лист на нејзиниот сопруг кој од пред неколку месеци беше именуван за директор на Инсекцискиот совет.

Според информациите на НОВА ТВ, од декември 2013 година до декември 2016 година, вработен во ВМРО-ДПМНЕ бил и Јохан Тарчулоски, кој на изборите на 11 декември беше избран за пратеник.

Протоѓер осомничен во „Титаник“ и „Талир“

Мартин Протоѓер беше на чело на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ за време на изборите во 2006, 2008, 2009 и во 2011 година. Три години беше и генерален секретар на партијата, но си поднесе оставка во 2011 една година пред официјално да му истече мандатот. Но остана вработен како шеф на кабинет во кабинетот на поранешниот премиер Никола Груевски, се до крајот.

Протоѓер е осомничен во два случаи кои ги отвори Специјалното јавно обвинителство, „Титаник“ за изборните нерегуларности и најновиот случај „Талир“ за перење на пари преку донациите на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Влада ВМРО-ДПМНЕ Гордана Јанкулоска Мартин Протоѓер Талир Титаник. Миле Јанакиески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.