Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Олимпико“ потона во емоции и солзи: Тоти и Рома си кажаа збогум

0
By Нова ТВ on May 29, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 29, 2017 03:22

Рома и нејзините навивачи се збогуваа со Франческо Тоти. Легендарниот капитен на „волчицата“ стави крај на фудбалската кариера што траеше 25 години и сите ги мина на „Олимпико“. Прошталниот меч го одигра против Џенова во последното коло во Серија А во сезоната, дебитантскиот за првиот тим го забележа на гости кај Бреша во 1993 година.

Лучано Спалети ги испрати на терен во 54 минута на местото на Мохамед Салах, не постигна гол, но неговата, како што го нарече клубот, љубов победи на крајот со 3:2 и заврши на второто место на табелата и обезбеди директен пласман во Лигата на шампиони наесен.

Тоти доби спектакуларното збогување на распродадениот фудбалски храм во Рим кој потона во емоции и солзи што не можеше и самиот да ги запре по означувањето на крај на средбата на судијата Паоло Талјавенто. Претседателот Џејмс Палота му врачи врамен дрес со златна бројка 10, наследникот со капитенската лента Даниеле де Роси му подари сувенир со изгравирани потписи на сите клупски колеги, а од публиката овации, аплаузи, песна и скандирање на неговото име.

Во друштво на сопругата Илари Бласи и трите деца Кристијан, Шанел и Изабел направи почесен круг по атлетската патека на стадионот притоа поклонувајќи се пред секоја трибина по неколкупати. Пред онаа со најверните фанови на римјаните потпиша топка што ја упати во голмански стил кон нив.

Фото: twitter

„Луѓето често ме прашуваа – зошто го мина целиот живот и кариера во Рома? – Рим за мене е светот. Овој клуб, овој град се за мене живот“, рече Тоти во дел од обраќањето пред гледачите од центарот на „Олимпико“.

Кариера со бројки за респект има Тоти зад себе. Во Серија А настапи во 618 средби во кои постигна 250 гола, во Купот на Италија заигра 59 пати што ги зачини со 18 погодоци, има пет натпревари и реализација и во италијанскиот Суперкуп. Тоа е што се однесува до домашните фронтови. Стрелец е на 17 гола во 57 меча во Лигата на шампиони (ЛШ) и уште на 21 во 46 учества во Лига Европа/Куп на УЕФА. Или севкупно одиграни 785 средби и постигнати 307 гола.

Фото: twitter

Со Рома освои само едно Скудето во изминатите 25 сезони. Драгоцениот трофеј го подигна во 2001 година. Од активното бавење со најважната споредна работа во светот заминува како најдобар стрелец во градските дуели со Лацио со 11 гола, како прв играч што погодувал во 23 изданија на калчолигата во низа и како фудбалер со најдолг стаж во Серија А. Во 46 меча постигнуваше по два погодока што исто така не му успеало на никој претходно, а со 38 години и 59 дена е највозрасен стрелец во ЛШ.

Тоти беше дел од генерацијата на италијански репрезентативци кои ја освоија титулата на Светското првенство во Германија во 2006 година. На мундијалите одигра 11 меча во кои реализира еднаш, во квалификациите за нив се запишуваше во листата на стрелци четири пати во 13 наврати.

Впиша еден гол во седум квалификациски дуели за Европските првенства, во нив, пак, прослави два гола во шест меча. За „азурите“ настапи и во 21 пријателски натпревар во кои еднаш ја тресеше мрежата на противникот.

Кариера Рома Франческо Тоти фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.