НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Лига на шампиони: Реал М. и Јувентус во поход на фудбалскиот Олимп

0
By Нова ТВ on June 3, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Реал Мадрид или Јувентус? – Одговор на дилемата кој ќе биде новиот владетел на европскиот фудбалски Олимп ќе дознаеме пред полноќ до кога се очекува да заврши битката на стадионот „Милениум“ во Кардиф во финалето на УЕФА Лигата на шампиони за сезоната 2016/17. Тимот од „Сантијаго Бернабеу“ е најтрофеен клуб во натпреварувањето со 11 титули и само два пораза во мечевите за нив. Италијанскиот првак, пак, само двапати се враќање во Торино со популарниот пехар со „уши“ и четирипати губеше во пресметките за тронот, па оттука и називот „дежурен губитник“.

„Во Јувентус станав човек и подобар играч. Тоа е голем клуб кој сè уште е во моето срце. Затоа и вечерашното финале ќе биде посебно за мене. Не би рекол дека фаворити сме ние или тие. Двата тима знаат подеднакво добро да се бранат, да нападнат и да поентираат. Сите опции се отворени“, коментира Зинедин Зидан, тренер на Реал, кој својата играчка зрелост, слава и искуство ги стекна токму во дресот на „бјанконерите“.

Зидан вечерва не може да смета на Карвахал и наместо него на десната бековска позиција, според најавите, ќе ги испрати Данило. Но, затоа ќе може да смета на Герет Бејл кој по повредата се стави на располагање на Французинот кој се соочува со дилема – дали да почне со Велшанецот или со Иско или можеби со двајцата на сметка на Карим Бензема.

Вечерашниот фудбалски спектакл во Велс за едни е битка на најдобриот напад и најдобрата одбрана, за други е шаховска игра што ќе донесе многу претпазливост и трпение. Во фокусот на вниманието се Кристијано Роналдо кај „кралевите“ и „Џанлуиџи Буфон“ кај „старата дама“. Масимилијано Алегри нагласи дека Јувентус е заслужено дел од финалето, а ќе биде потребна и доза на среќа за победа и на тој начин да го спречат Реал Мадрид да биде првиот клуб што успеал да ја одбрани титулата.

„Ние сме на вистинско место и во вистинско време. Ќе нѝ треба и среќа, секако. Имам огромен респект кон Реал, но и огромна самодоверба меѓу нас. Низ историјата сме покажале дека има квалитет и капацитет за големи дострели и освојување на Лигата на шампиони. Тие се фаворити. Двапати го освоијуваа трофејот во последните три сезони, ќе играат трето финале во четири години. Ќе одлучувува квалитет, момент на инспирација, потег“, нагласи менаџерот на Јуве кој нема проблеми околу кроење на почетните 11.

Легендарниот италијански голман Буфон, речиси, сиот работен век го мина меѓу стативите на „старата дама“. Во пребогатата кариерата освои се што фудбалска игра нуди за освојување освен Лигата на шампиони. Прилики за тоа имаше две во кариерата, во 2003 година загуби од Милан, во 2015 година од Барселона. Овојпат се надева на трета среќа со „бјанконерите“ кои делуваат како никогаш досега да не биле поподготвени и поубедливи.

Зинедин Зидан Јувентус Лига на шампиони Масимилијано Алегри Реал Мадрид финале фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.