Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Квалификации за СП 2018: Македонија сака да биде фактор против Шпанија

0
By Нова ТВ on June 11, 2017 СПОРТ
Фото: ffm.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 11, 2017 15:30

Македонската фудбалска репрезентација нема што да загуби вечерва (20,45 ч.) на „Телеком арена“ во Скопје против моќната Шпанија во квалификациите за СП 2018. Во мечот се влегува со цел на задржување на играчкиот континуитет од последните неколку настапи, да се освојат симпатиите на јавноста и максимално да се намачат фаворизираните гости. На сензација од типот на Андора против Унгарија во петокот никој и не помислува иако секој, потајно, го посакува тоа.

„Посебни мотиви се непотребни. Името на противникот, реномето што го носи и настапот на домашен терен, само по себе, се доволна причина во желбата за добар настап. Наш гостин е репрезентацијата што се вбројува меѓу најдобрите четири во светот. Силно го респектираме ривалот, меѓутоа не стравуваме. Против селекции каква што е шпанската очекувам и наши добри изданија. Тактички отстапки ќе нема, а верувам дека ќе има и причини за задоволство“, изјави Игор Ангеловски, селектор на репрезентацијата на Македонија.

Репрезентативците веќе десетина дена се подготвуваат за вечерашниот настап што од аспект на величината на гостинот е втор во групата во Скопје по Италија во октомври лани. Фокусот паѓа на сопствената игра, свесни се дека текот на средбата во голема мера ќе зависи од скапите шпански фудбалски ѕвезди, но истовремено е присутна и желба за демонстрација на капацитет дека може и „црвено-црните“ да се прашаат за нешто.

„Шпанија е селекција што негува офанзивен фудбал што е добро и за противниците. Таквиот начин на игра остава простор за закана по нејзиниот гол. Посакувам да имаме што повеќе прилики за лов на контранапади во обид да изненадиме. Десет дена сме заедно, десет дена се подготвуваме и уверен сум дека ќе одиграме квалитетен меч. Давид Силва ќе биде најголема закана по нашиот гол, се надевам дека ќе се остварат прогнозите на нивниот селектор Лопатеги дека Несторовски ќе биде опасноста по нив“, коментира капитенот, Горан Пандев.

Македонија и Шпанија вечерва ќе се пресметаат по седми пат. Сите шест досегашните дуели ѝ припаднаа на „црвената фурија“. Во квалификациите за ЕП 1996 славеа со 3:0 и 2:0, во циклусот за ЕП 2016 со 5:1 и 1:0, во ноември лани со 4:0 и во пријателски меч во Скопје во 2009 година со 3:2.

Покрај мечот во Скопје, во нашата група Г вечерва ќе играат уште Италија – Лихтенштајн и Израел – Албанија. „Фуријата“ и „азурите“ се лидери на табелата со 13 бода пред Израелците на третото место со девет. Втората половина ја предводи Албанија со шест бода, Македонија е претпоследна со три и фенерот го држи Лихтенштајн кој по пет кола е без освоен бод.

Горан Пандев Игор Ангеловски квалификации за СП 2018 Македонија фудбал Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.