НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров за „То Вима“: И за Грција е подобро да сме во НАТО

0
By Нова ТВ on June 13, 2017 ПОЛИТИКА
Фото: РСЕ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за грчкиот весник „То Вима“ побара добра волја и од Грција за решавање на спорот со името.

Интервјуто е обајвено пред неговата утрешна посета на Атина.

Димитров изрази подготовеност за конструктивни преговори со Грција и порача дека е потребно двете страни да им пристапат на преговорите со добра волја и со почит кон чувствителните точки на секоја од засегнатите држави.

-За Грција прашањето е: каков сосед сакате да имете? За Македонија прашањето е: каков сосед сакаме да бидеме? Колку побрзо нашата држава добие покана да биде дел од НАТО, толку подобри се перспективите на Грција да ја има ова држава како сосед. Оптимист сум дека можеби наскоро ќе добиеме и датум за почнување пристапни преговори со ЕУ по толку позитивни препораки од Европската комисија, вели Димитров за „То Вима“.

Според Димитров за Грција ќе биде добро доколку Македонија како нејзин сосед што побрзо стане дел од НАТО и посочува дека спорот за името трае предолго и неговото нерешавање влијае и на регионалната стабилност.

-Спорот за името трае многу години. Иако во суштина е билатерален, последиците од нерешавањето на спорот може да ја стават во опасност регионалната стабилност. Република Македонија долго време беше во неизвесност, чекајќи во чекалницата пред вратите на НАТО и ЕУ, кои беа заклучени поради наметнатото политичкото исклучување, спротивно на одлуката на Меѓународниот суд во Хаг. Тоа го отвори патот за криза на демократијата во државата, вели Димитров.

„То Вима“ во анализата на разговорот со Димитров забележува дека Брисел е задоволен од новата македонска влада и постои голема желба Македонија да продолжи стабилно на нејзиниот европски пат.

Сепак, како што се потенцира во текстот, никој не сака да се брза и во европските кругови е јасно дека на владата на Зоран Заев ќе и треба време да се стабилизира на владејачката позиција. Во однос на Грција, пак, извори за весникот коментираат дека е неопходно да се возобнови довербата меѓу Атина и Скопје.

Грција НАТО Никола Димитров спор со името То Вима
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.