НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Верушевски ги исполнува критериумите за да биде директор на УБК

0
By Влатко Чаловски on June 13, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев денеска беше повикан во Специјалното јавно обвинителство, како што информираше тој, во својство на оштетен во случајот кој СЈО го води под кодно име “Таргет”.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на прислушувањето, кој би бил новиот директор на УБК, и дали постои можност Верушевски да дојде на таа позиција, Заев рече дека ексдиректорот на оваа институција ги исполнувал сите услови, но дека, најважно му е на чело на УБК да застане експерт кој ќе биде соодветна гаранција дека во Македонија службите работат соодветно.

Дополнително одговарајќи на новинарско прашање, зошто со истрагите на СЈО се опфатени луѓе од ВМРО ДПМНЕ, Премиерот потенцираше дека ако постои индиција за криминал за било кој од СДСМ, тој треба да одговара, но дека изминативе 11 гостини тие како партија немале пристап до јавните пари и да раководат со нив.

Заев информираше дека како прв меѓу еднаквите во Владата, ќе направи се да се продолжи мандатот на СЈО за да ја заврши задачата за кое беше формирано а тоа е да расчисти со индициите за криминал кои произлегоа од прислушуваните разговори.

Тој наведе три можности за решавање на ова прашање. Едната, како што рече, е преку измени на Законот за СЈО во Собрание со двотретинско мнозинство, другата е преку Уставниот суд и последната е СЈО да биде инкорпорирано како посебно одделение во редовното Јавно обвинителство.

Во однос на денешното позитивно мислење од Советот на јавни обвинители за разрешување на Зврлевски, премиерот Заев го повтори ставот дека останува отворен на местото републички обвинител да застане експерт од правната фела.

 

„Таргет“ оштетни прислушување сведоци СЈО Тајна полиција УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.