Државниот студентски центар под чија надлежност се наоѓаат студентските домови „Гоце Делчев“, „Кузман Јосифоовски Питу“ и „ Стив Наумов“ заклучно со мај должи речиси четири милиони евра, информираат од Министерството за образование и наука.
На име на комунални услуги, греење, комуникација и транспорт ДСЦ „Скопје“ има долг од 1.653.994
евра.
„Доколку, раководството на ДСЦ „Скопје“ – Скопје, навреме ги подмируваше долговите и обврските, немаше да се доведат студентите кои се сместени во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ но и во останатите студентски домови да ги подготвуваат испитите во темница, и да стравуваат дека ќе останат без електрична енергија или вода за пиење и елементарни услови за престој во објектите. Министерството за образование и наука, како што претходно информиравме, вложи напори за надминување на проблемот со електричната енергија во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје и студентите кои се сместени во истиот да ги добијат основните услови за престој“, пишува во соопштението на Министерството.