НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Хан и Прибе утре на разговори за имплементација на реформите

0
By Нова ТВ on June 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа на разговори во Македонија за спроведувањето на плановите за реформи на македонската Влада. Предвидено е Хан да се сретне со премиерот Зоран Заев, со други претставници на новата влада и со останатите политички лидери во земјава.

Од Европската комисија соопштија дека еврокомесарот со новата влада ќе разговара зa акцискиот план за имплементација на реформските приоритети, неопходни за враќање на Македонија на евроатлантскиот пат. На состаноците со владините претставници е предвидено да присуствува и европскиот експерт Рајнхард Прибе, кој во својот извештај ги нотираше проблематичните сфери во кои треба да се спроведат реформите. Тој и групата европски експерти, како што неодамна изјави Хан ќе треба да и помогнат на новата влада во спроведувањето на реформските приоритети.

Во пресрет на посетата, Хан соопшти дека и владата, но и опозицијата треба да се фокусираат на имплементацијата на итните реформи и на Договорот од Пржино.

„Со континуираната поддршка на Европската унија, земјата конечно ја надмина политичката криза преку добро администрираните избори и формирањето на новата Влада. Сега, новата Влада, заедно со опозицијата, треба да се фокусира на спроведувањето на Итните реформски приоритети и на целосно спроведување на договорот од Пржино“, изјави Хан.

Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за итните реформски приоритети.

Јоханес Хан Рајнхард Прибе реформи седница на влада
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.