Кривичниот совет на Кривичниот суд вчера одлучил да не определи никакви мерки за претпазливост на поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков, дознава НОВА ТВ.
Како што велат нашите извори, во предвид не било земено ниту тефтерчето со судии кое ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска во разговор со Мијалков го споменува во една од бомбите што ги објави СДСМ во 2015 година.
Како што дознаваме, притвор не е определен за ниту еден од осомничените, а само на една вработена во администрација во Управата за безбедност и контраразузнавање и биле определени мерки за претпазливост.
Ивица Стефановски и Горан Бошевски се судиите кои одлучуваа по барањата за притвор поднесени од Специјалното јавно обвинителство за случаите „Титаник“ и „Таргет и Тврдина“. Стефановски е судијата којшто не дозволи претрес во станот на Горан Грујовски, осомничен во „Тврдина“.
Кај Бошевски веќе се предметите „Транспортер“, „Трезор“ и „Тенк“.
Стефановски во јавноста стана познат по случајот „Монструм“ и судењето на Јован Вранишковски којшто во домашните и меѓународни извештаи за човековите права имаше третман на полички затвореник и ги отвори прашањата со религиските слободи во земјава.
Рокот на судиите во кои треба да одлучат за мерките за обезбедување помина вчера, но засега се уште нема официјална одлука.