НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп повторно во Европа, на поправен испит

0
By Светлана Јовановска on July 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доналд Трамп е повторно во Европа на четиридневно патување.

Претходната турнеја на Трамп во Европа, како што пишуваа медиумите, не беше многу успешна. Тој беше во Брисел на самит на НАТО а потоа во Италија на самит на Г7. Средби на кои се покажаа несогласувањата помеѓу Американецот и европските лидери. Овој пат Трамп има можност за “поправен испит” а најголемиот тест ќе биде средбата со Путин.

Агендата на ова негово второ патување на стариот континент го води прво во Варшава, на средба со дванаесет лидери на источна и централна Европа кои свикаа самит наречен Иницијатива на трите мориња. Станува збор за регионална група на земјите членки на ЕУ кои се наоѓаат помеѓу Црното и Јадранското Море.

Во говорот во Варшава Трамп ќе каже дека иднината на западниот свет е доведена во прашање ако нејзините нации и граѓани не покажат доволно цврстина:

“Полското искуство ни покажува дека одбраната на Западот почива не само врз средствата туку и врз волјата на нејзините жители да однесат победа”, ќе каже Трамп во говорот кој им беше поделен на новинарите.

Полските власти одлучија денес на Трамп да му приредат убав и масовен пречек. Но жителите на Варшава не се многу воодушевени од оваа посета па така полската влада со автобуси ќе носи луѓе од провинција за да му покаже на Трамп дека е добредојден.

Еколошката невладина организација Грин Пис сака да биде сигурна дека Трамп ќе ја види нивната порака. Така, тие со ласер, на зградата карши хотелот каде што Трамп ќе спие, ќе испишат: “Париз да, Трамп не” (Paris Yes, Trump No), реферирајќи се на климатскиот договор од Париз што Трамп одби да го примени.

Освен еколошките невладини, денес во Варшава ќе се протестира и против однесувањето на Трамп кон жените. Но овие протести ќе се одвиваат далеку од очите на Доналд.

За да и возврати на полската срдечност, Трамп им ветува на Полјаците американски природен гас кој наскоро треба да пристигне во Полска, испраќање на нови американски трупи а во преговори е и испорака на модерно американско оружје за полската армија.

Потоа, патот на Трамп води во Хамбург на средба на Г20 каде што треба да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин, со кинескиот колега Си Џинпинг и со европските лидери како Ангела Меркел.

Разговорите со Русинот и Кинезот би можеле да бидат непријатни.

Средбата со Путин е планирана за петок. Тоа ќе прва билатерална средба помеѓу двајцата лидери и сите политички очи во Европа и САД ќе бидат свртени кон Хамбург.

Односите помеѓу Москва и Вашингтон се напнати и покажуваат дека двете земји немаат доверба една во друга. Средбата во Хамбург би требало да ја поправи сликата.

Би требало да стане збор за истрагата за руско влијание во изборите во САД, тема која со месеци ја интригира Америка но и Европа. И покрај сите напори, Трамп и неговата екипа досега не успеаа да ги сопрат шпекулациите за руска интервенција во претседателските избори.

На разговорот со кинескиот лидер Северна Кореја ќе биде главна тема. Трамп и неговиот кинески колега имаат спротивставени ставови за оваа криза. Вашингтон го обвинува Пекинг дека, со зајакнување на трговската разнена со Северна Кореја, им прави штета на напорите на САД да го решат овој проблем.

Варшава Владимир Путин Г20 Доналд Трамп Северна Кореја Си Џинпинг Хамбург
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.