Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вимблдон: Федерер по осма титула, Чилиќ по успех на кариерата

0
By Нова ТВ on July 16, 2017 СПОРТ
Фото: wimbledon.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 16, 2017 11:48

Роџер Федерер против Марин Чилиќ очи во очи за титулата на 131. издание на Вимблдон. Машкото финале на централниот терен на „All England Club“ вредно 2,5 милиони евра е закажано за попладнево во 15 часот. За Швајцарецот ќе биде 11 во кариерата во Лондон во кое ќе атакува на деветти трофеј. Успее ли да победи, ќе стане апсолутен рекордер на третиот гренслем во сезоната, а воедно и највозрасен шампион. Хрватот, пак, ќе игра за прва титула на Островот, но и со желба да го повтори успехот на својот сонародник Горан Иванишевиќ од 2001 година.

„Пресреќен сум и горд на себе и мојот тим. Се чувствувам перфектно во последните неколку недели и играм навистина неверојатен тенис. Најважно е што на секој меч му пристапував позитивно, бев на одлично ниво во сите сегменти и тоа ме доведе до финале. Мислам дека и психолошкиот момент достигна високо ниво во овие два-три месеци. Сите натпревари што ги одиграв до Вимблдон ми дадоа сила и зрелост да донесам вистински одлуки во вистински моменти“, вели Чилиќ.

Фото: wimbledon.com

Билансот во досегашните седум пресметки на финалистите на Вимблдон е на страна на Федерер. Швајцарскиот тениски уметник има шест победи и еден пораз што го доживеа во полуфиналето на Ју-Ес опен во 2014 година, гренслем што Чилиќ подоцна и го освои. Двајцата играа и лани во четврт-финалето Лондон. Хрватот имаше водство со 2:0 во сетови и три меч топки во четвртиот сет меѓутоа 35 годишникот од Базел успеа да ги спаси и да направи пресврт.

„Да се игра против Федерер за титула на Вимблдон е, можеби, најголем предизик. Сепак, денешното финале е само еден меч за мене. Ќе бидам фокусиран на она што треба да го одработам на терен. Верувам во себе и своите можности и верувам дека можам да победам“, заклучи најдобриот хрватски рекет во моментот.

Многумина го гледаа Федерер како актер во големото финале, особено во одличниот кам-бек на тениската сцена на Австралија опен и Мастерс титулите што потоа ги освои во Индијан Велс и во Мајами. Но, малкумина негуваа оптимизам дека Швајцарецот ќе победи шест меча без загубен сет против Долгополов, Лајовиќ, Миша Зверев, Димитров, Раониќ и Бердих. За денешниот предизвик против Чилиќ ќе рече:

„Ме разби на Ју-Ес опен. Се надевам дека во финалето нема да одигра толку добро. Лани имав, исто така, тежок меч овде. Беше брутално. Марин имаше 2:0 во сетови, а јас морав да спасувам меч топки. Одличен човек е, одличен тенисер. Долго се познаваме и среќен сум што ќе игра финале. Го заслужи низ овие две недели“, порача Федерер.

Патот до финале на Вимбдлон 2017 на Роџер Федерер

Прво коло: Федерер – Долгополов (Украина) 6:3, 3:0 – Долгополов го предаде мечот

Второ коло: Федерер – Лајовиќ (Србија) 7:6, 6:3, 6:2

Трето коло: Федерер – М. Зверев (Герамнија) 7:6, 6:4, 6:4

Осминафинале: Федерер – Димитров (Бугарија) 6:4, 6:2, 6:4

Четврт-финале: Федерер – Раониќ (Канада) 6:4, 6:2, 7:6

Полуфинале: Федерер – Бердих (Чешка) 7:6, 7:6, 6:4

Патот до финале на Вимбдлон 2017 на Марин Чилиќ

Прво коло: Чилиќ – Колшрајбер (Германија) 6:4, 6:2, 6:3

Второ коло: Чилиќ – Маер (Германија) 6:4, 7:6, 7:5

Трето коло: Чилиќ – Џонсон (САД) 6:4, 7:6, 6:4

Осминафинале: Чилиќ – Баутиста Агут (Шпанија) 6:2, 6:2, 6:2

Четврт-финале: Чилиќ – Милер (Луксембург) 3:6, 7:6, 7:5, 5:7, 6:1

Полуфинале: Чилиќ – Квери (САД) 6:7, 6:4, 7:6, 7:5

Вимблдон Марин Чилиќ Роџер Федерер тенис
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
shortcut
ФОКУС
August 12, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

ВЕСТИ August 12, 2026

Посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија минатата недела предизвика низа бурни реакции низ…

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026

Ребека Гринспан фаворит за генерален секретар на ООН

August 11, 2026
ТИКЕР

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.