НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕХФ ждрепка: Лесна за Охрид и Работник, тешка за Металург и Куманово

0
By Нова ТВ on July 18, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Четири македонски ракометни претставници, по два во машка и женска конкуренција, денеска добија ривали за воведните настапи во клупските натпреварувања на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за сезоната 2017/18.

Охрид 2013 ќе учествува во Купот на ЕХФ, ќе почне од првото коло во кое ќе игра двомеч со екипата на КРАС Волендам. Охриѓани се домаќини во првата средба (2-3 септември), реваншот е седум дена подоцна во Холандија. Подобриот од двата дуела во наредното коло ќе оди на мегдан со Порто.

Еурофарм Работник ќе се појави во Челинџ купот и поради рејтингот ќе стартува од третото коло во кое за ривал го има Гранис Карис од Каунас. И битолчани ќе играат на домашен терен (18-19 ноември) во воведните 60 минути, возвратната средба е на литванско тло на 25-26 ноември.

Двата женски репрезента, пак, се најдоа во ждрепката за Челинџ купот. И Металург и Куманово ќе тргнат од третото коло во кое тимот од Автокоманда ќе се пресмета со Ринкон Фертилидад Малага, а кумановки наспроти себе ќе го имаат Лублин за кој потпиша Елена Петковска. Првите натпревари ќе се одиграат на терен на шпанската, односно, полската екипа.

Куп на ЕХФ (м)

Прво коло:  Охрид 2013 – КРАС Волендам (2-3 септември/9-10 септември)

Челинџ куп (м)

Трето коло: Еурофарм Работник – Гранитас Карис од Каунас (18-19 ноември/25-26 ноември)

Челинџ куп (ж)

Трето коло: Ринкон Фертилидад Малага – Металург (11-12 ноември/18-19 ноември); Селгрос Лублин – Куманово (11-12 ноември/18-19 ноември)

Европски купови Еурофарм Работник ЕХФ Ждрепка Куманово Металург Охрид 2013 ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.