Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Киро Тодоровски: Немам намера да бегам, пасошот ми треба за работа

0
By Нова ТВ on July 20, 2017 ПОЛИТИКА
фото: тв 21
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 20, 2017 13:42

Адвокатите на обвинетите во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство денеска на јавна седница побараа да им се вратат пасошите на обвинетите и да им се укинат другите мерки за обезбедување. Адвокатите велат дека во овие случаи не постои никакво индивидуално обележје за обвинетите и дека сите редовно се јавувале на барањата на СЈО за распити. Со оглед на тоа, според адвокатите, обвинетите немале намера да бегаат.

Обвинителите од СЈО, пак велат дека мерките за обзебедување треба да останат, затоа што на овие обвинети на товар им се ставаат тешки кривични дела за кои е предвидена казна затвор.

Денеска пред Апелациските судии се појави и Киро Тодоровски, поранешен шеф на кабинет на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Тој, рече дека совен во случајот Титаник, како сведок се јавува и во друг случај на СЈО и дека нема намера да бега. Додаде дека досега, уредно се јавувал на сите повици и покани од обвинителството.

Одбраната на Киро Тодоровски, шеф на кабинет на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска на денешната јавна седница на Апелација побара да укинат мерките за обезбедување кои му ги определи Кривичниот совет на Кривичниот суд.

Адвокатката на Тодоровски, Сања Алексиќ рече дека со тоа што воопшто биле определени мерки за претпазливост во овој случај биле прекршени одредби од Законот за кривична постапка. таа побара да се укинат мерките и на Тодоровски да му се врати пасошот, затоа што како што Тодоровски поради својата работа во Агенцијата за разузнавање има потреба често да патува.

Обвинителот на СЈО, Гаврил Бубевски рече дека мерките мора да останат затоа што на Тодоровски на товар му се ставаат две тешки кривични дела и дека човек со вакви обвиненија не би требало да врши меѓународни работи во име на државата.

Апелација жалби обвинити СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.