НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СП во ракомет (У21): Македонија во директен дуел со Бразил за плеј-оф

0
By Нова ТВ on July 24, 2017 СПОРТ
Фото: ihf.info
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија го врза вториот пораз на Светското младинско првенство во ракомет во Алжир. По Тунис, подобра од „црвено-жолтите“ беше и Шпанија која славеше со убедливи 36:25 во рамки на четвртото коло во групата Ц што за „фуријата“ значи „бетонирање“ на лидерската позиција на табелата, а за составот на Илија Темелковски насочување на директен дуел со Бразил за место во плеј-офот.

Шпанците воопшто немаа проблеми при запис на четвртиот триумф на шампионатот во исто толку настапи додека македонските ракометари делуваа како разнишани по загубата од нивните туниски врсници. Потврда за тоа и фактот дека сите 14 играчи во ростерот на Исидоро Мартинез постигнаа голови. Најистакнат меѓу нив беше Даниел Душебаев со седум, по четири за Македонија реализираа Талески и Кузмановски.

Фаворитот веднаш ја презеде работата во свои раце и до петтата минута имаше водство со 4:1. Воведното темпо го задржа и во продолжението за серија од 12:2 во периодот меѓу десеттата и 27 минута од првиот дел за високи плус 11 (17:6) по што натпреварувачкиот момент испари.

Ако двете селекции имаа нешто заедничко во меѓусебниот судир, тоа е слабата вечер на голманските тандеми. Томовски остана без интервенција додека Даниловски забележа четири. Ледо фати два удара на македонските репрезентативци.

Македонија денеска (19 ч.) на првенството ќе игра со Бразил и потребен е бод за и двете репрезентации да продолжат понатаму. Поразената ќе остане без разигрување за највисок пласман од причина што Русија е апсолутен фаворит во натпреварот со Буркина Фасо. „Зборнаја“ во пресрет на последното коло има три бода или еден помалку од „црвено-жолтите“ и јужноамериканскиот претставник.

Македонија – Шпанија 25:36 (8:18)

Спортска сала: „Омниспорт Хацене Харча“ во Алжир. Гледачи: 1.000. Судии: Свавар Петурсон и Арнар Сигурјонсон (двајцата од Исланд).

Македонија: Томовски, Даниловски (4 одбрани), Лазаревски, Димитриоски 1, Нелоски 1, Танкоски 3, Велковски 3, Шилегов 3, Петровски 1, Талески 4, Кузмановски 4, Крстевски, Џонов, Палевски 3, Арсеновски 2. Селектор: Илија Темелковски.

Седмерци: 5/7. Исклучувања: 4 минути.

Шпанија: Гонзалез, Ледо (2 одбрани), Маркез 3, Д. Душебаев 7, Базан 6, Нието 1, Оливер 1, Рио Иглезијас 2, Одриозола 2, Де ла Пења 1, Лопез 1, Кастро 2, Д. Фернандез 1, Фолкес 4, Гомез 3, Х. Фернандез 2. Селектор: Исидоро Мартинез.

Седмерци: 0/1. Исклучувања: 12 минути.

СП во ракомет (У21) – Алжир

Група А, 4 коло

Фарски Острови – Германија 21:29

Норвешка – Чиле 41:16

Јужна Кореја – Унгарија 30:40

Табела: Германија 8, Норвешка 8, Унгарија 4, Фарски Острови 4, Јужна Кореја 0, Чиле 0.

Група Ц, 4 коло

Македонија – Шпанија 25:36

Тунис – Русија 29:29

Буркина Фасо – Бразил 17:37

Табела: Шпанија 8, Тунис 5, Македонија 4, Бразил 4, Русија 3, Буркина Фасо 0.

Бразил Македонија Ракомет У21 Светско првенство Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.