Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошарка: Македонскиот пат до СП во Кина почнува од Приштина

0
By Нова ТВ on August 2, 2017 СПОРТ
Фото: mkf.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 2, 2017 17:13

Приштина е првата станица за машката кошаркарска на Македонија во претквалификациите за Светското првенство во Кина во 2019 година. Ривал на „црвено-жолтите“ во воведните 40 минути за враќање на загубениот имиџ и рејтингот од минатото е Косово. Вечерашниот меч во „Палатата на млади и спорт“ е со почеток во 20,15 часот во рамки на групата Ц во која е уште и селекцијата на Естонија.

Играта во одбрана и „ладни глави“ се потенцираат како клучни моменти за победнички вовед во циклусот. Првиот доаѓа како заклучок од скенирањето на косовската селекција што го направи стручниот штаб, вториот од преполната сала што се очекува.

„Косово не е тим што треба да се прецени ниту, пак, да се потцени. Далеку дека се наивни. Напротив можат да создадат доста проблеми особено пред нивна публика. Едни од нивните адути се шутерите Морина и Кастрати, најдобриот играч го имаат во Бериша. Очекуваме полни трибини и притисок од сите страни. Затоа мора да останеме мирни, да не потпаднеме на евентуални провокации и да одигра добро во одбрана ако сакаме победа и успешен почеток во групата“, коментира селекторот Јорданчо Давитков.

Македонските кошаркари влегуваат во претквалификациите со шест контролни средби во подготвителниот период. Пет од нив добија и еден загубија што, според селекторот, е доволно за обврските што претстојат во оваа фаза.

„Наш стремеж е да ги повториме изданијата од контролите. Во тој случај ќе завршиме голем дел од задачите. Но, ќе повторам. Најважно е да не дозволиме да бидеме исфрлени од колосек“, додава Давитков.

Во квалификациите за СП 2019 ќе учествуваат сите членки на ФИБА Европа. Место во квалификациите ќе има за осум селекции од четирите претквалификациски групи. Групата А е единствената со четири тима (Словачка, Шведска, БиХ и Ерменија), групата Б ја сочинуваат Албанија, Австрија и Холандија, а во групата Д ќе разигруваат Португалија, Бугарија и Белорусија.

Квалификациите за завршниот турнир во Кина, според натпреварувачкиот календар, ќе почнат во ноември во оваа година и ќе продолжат во февруари, во јуни и ќе финишираат во јули во 2018 година. Светското првенство во 2019 година во Кина ќе биде првото на кое ќе учествуваат 32 репрезентации.

Распоред на натпревари на Македонија во групата Ц во претквалификациите за СП 2019

2 август: Косово – Македонија (20,15 ч.)

5 август: Македонија – Естонија (20,30 ч., сала „Борис Трајковски“)

12 август: Македонија – Косово (20,30 ч., сала „Борис Трајковски“)

16 август: Естонија – Македонија (17,30 ч.)

Косово кошарка Македонија Претквалификации за СП 2019 репрезентација
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.