Осиек ја комплетира сензацијата во третото квалификациско коло за Лига Европа (ЛЕ) и во голем стил се пласира во плеј-офот. По минималниот триумф на „Филипс арена“ во Ајндховен пред седум дена, хрватскиот состав го совлада ПСВ и во реваншот со 1:0. Боцкај беше стрелец на единствениот гол за задавањето на решавачкиот удар на фаворизираниот холандски состав. Музафер Ејупи беше стартер во тимот на Осиек и ги одигра сите 90 минути.
Голем подвиг направи и Домжале. Словенечкиот состав славеше над Фрајбург со 2:0 за елиминација на бундеслигашот кој победи со 1:0 во првата средба.
Екипата на АЕК од Ларнака ремизира (1:1) на гостувањето во Минск кај Динамо и благодарение на триумфот во првиот натпревар се проби до плеј-офот за ЛЕ. Даниел Мојсов го одигра цел меч за тимот од Кипар, Иван Тричковски беше заменет во 83 минута.
По белградските 2:0 против Спарта, фудбалерите на Црвена звезда за еден гол беа подобри од чешкиот ривал и во Прага за продолжување на походот кон групната фаза. Кон неа уште два клуба од Хрватска. Динамо Загреб одигра без голови против Одд во Норвешка, па победата со 2:1 на „Максимир“ се покажа како доволна за опстанок на „модрите“ на меѓународната сцена.
Ривал во ждрепката за плеј-офот ќе очекува и Хајдук. „Билите“ во Сплит го поразија Брондби со 2:0 во возвратните 90 минути, откако во воведните од двомечот во Данска одиграа 0:0.
Лига Европа/квалификации/3 коло/реванш мечеви
Динамо Минск – АЕК Ларнака 1:1 (0:2)
Шкендија – Тракаи 3:0 (1:2)
Одд Гренланд – Динамо Загреб 0:0 (1:2)
Аполон – Абердин 2:0 (1:2)
Габала – Панатинаикос 1:2 (0:1)
Олександрија – Астра 1:0 (0:0)
Спарта Прага – Црвена звезда 0:1 (0:2)
Видеотон – Бордо 1:0 (1:2)
Зенит Санкт Петербург – Бнеи Јехуда 0:1 (2:0)
Фенербахче – Штурм 1:1 (2:1)
Фола – Естерсундс 1:2 (0:1)
Лингби – Краснодар 1:3 (1:2)
Маритимо – Ботев Пловдив 2:0 (0:0)
ПАОК – Олимпик Доњецк 2:2 (1:1)
Скендербег – Млада Болеслав 2:1 – на пенали 4:2 (1:2)
Лех Познањ – Утрехт 2:2 (0:0)
Алтах – Гент 3:1 (1:1)
Хајдук – Брондби 2:0 (0:0)
Митјиланд – Арка Гдиња 2:1 (2:3)
Милан – Крајова 2:0 (1:0)
Атлетик Билбао – Динамо Букурешт 3:0 (1:1)
Остенде – Олимпик Марсеј 0:0 (2:4)
Осиек – ПСВ Ајндховен 1:0 (1:0)
Ружомберок – Евертон 0:1 (0:1)
Паниониос – Макаби Тел Авив 0:1 (0:1)
Домжале – Фрајбург 2:0 (0:1)
Брага – АИК Стокхолм 1:1 – по продолженија 2:1 (1:1)
Во загради се резултати од првите мечеви