Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УЕФА Суперкуп: Фудбалска „бела ноќ“ во Скопје

1
By Нова ТВ on August 8, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 8, 2017 00:16

Скопје вечерва пулсира во амбиент на бела ноќ. Причината е спортска, поточно фудбалска. Магијата на најважната споредна работа на светот ја крена на нозе македонската престолнина која никогаш не била пораздвижена во летната сезона на капење. Поинаку и не може да биде во град во кој во истовреме се наоѓаат клубови со првокласно педигре како Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, менаџери како Зинедин Зидан и Жозе Мурињо и ѕвезди од калиброт на Кристијано Роналдо, Серхио Рамос, Герет Бејл, Лука Модриќ,  и компанија од една страна и Пол Погба, Хуан Мата, Ромелу Лукаку, Немања Матиќ и останатите од друга.

Улица „Македонија“, вообичаено главна артерија во централното градско подрачје за променада, и истоимениот централен плоштад се преплавени со луѓе почнувајќи од хотелот „Бристол“, па таму некаде до „Даут Пашин Амам“. Ги има од сите возрасни категории, но, се чини, во атмосферата што е налик на карневалска најмногу уживаат и најсилно бијат детските срца.

Фудбалскиот хепенинг кој, веројатно, ќе биде и најголем во регионот за наредните пет до десет години, сепак, е празник за очи и душа и за повозрасните. Неповторливиот момент е овековечен со селфи фотографии и видеа како спомен и прераскажување за идните генерации кога во Скопје се истоварија фудбалски колективи чија вкупна вредност надминува една милијарда евра и нивните армии навивачи како сојузничките трупи во Нормандија за време на Втората светска војна.

Националната арена е подготвена за фудбалскиот спектакл. Нашминкана и дотерана како манекенка за модна ревија ќе блесне со сиот сјај како единствена во опкружувањето во последните десетина години во која ќе биде крунисан освојувач на престижен европски трофеј. Мерките на безбедност се, исто така, на највисоко ниво. Безбедносните служби најавуваат дека се оперативно подготвени и ставени во целосна мобилност, а преземените мерки се поистоветуваат со оние при посетата на американскиот претседател Бил Клинтон во 1999 година.

Скопје и Македонија се подготвени за впивање на магијата. Денот е резервиран за загревање, можеби и уживање и дружење во „кралската“ фан зона преку Камениот мост или во „ѓаволската“ на платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза. Шоуто, во секој случај, може да започне.

Манчестер Јунајтед Реал Мадрид Скопје Суперкуп УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.