НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Десеткилометарски олимписки маратон првпат на Охридското Езеро

0
By Нова ТВ on August 12, 2017 ПОЛИТИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во организација на Клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008” денеска на Охридското Езеро ќе се одржи првиот Олимписки пливачки маратон во должина од десет километри.

Зад организацијата стои познатиот македонски пливач Александар Маленко. Маратонот ќе вклучува трка  во машка и женска конкуренција, каде ќе учествуваат 17 пливачи од Бугарија, Холандија, Словенија, Србија, Грција, Аргентина, Бразил, Италија, како и од нашата земја.

Од Македонија, на маратонот ќе настапат пливачите Александар Илиевски, чиј тренер е најдобриот македонски маратонец Томи Стефановски, како и Илија Стојановски и Андреј Стојановски.

Маратонот ќе се плива на најатрактивниот дел од езерото на патека покрај самиот Кеј „Македонија“, со старт на трката закажан точно на пладне, а првите пливачи на целта се очекува да пристигнат некаде два часа подоцна.

За регуларноста на трката ќе се грижат судии–делегати на Меѓународната пливачка федерација (ФИНА).

Интенција на организаторот е овој маратон како олимписка дисциплина да стане дел од официјалните натпревари вреднувани и бодувани од ФИНА. Тоа би значело дека на „Олимпискиот пливачки маратон“ во Охрид би се исполнувала норма за учество на Летните олимписки игри.

Александар Маленко

-ФИНА ќе го мониторира настанот со свој официјален делегат, како и 4 меѓународни судии. По самото завршување на маратонот, на завршната церемонија, ќе следува оценка од страна на делегатот на ФИНА и Македонскиот олимписки комитет. Таа заедничка оценка ќе биде и официјално проследена до комисијата на Светската пливачка федерација и Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) кој заседава во Лозана, вели Александар Маленко, кој  на крајот на ноември ќе отпатува во Швајцарија и ќе присуствува на настанот по повод објавувањето на календарот на настани на ФИНА за 2018 година.

Маленко се надева дека успешно ќе ја мине оваа фаза, по што се надева за добивање лиценца за организација и на трките на 5 и 25 километри, кои се дел од олимписката програма, а преку нив се обезбедува и норма за учество на Светско и европско првенство.

Според него, организација на ваков настан ќе овозможи да се подигне квалитетот на имињата кои ќе настапуваат на маратонот во Охрид, што ќе придонесе и за спортска и туристичка промоција на овој наш најубав град.

 

Маратон Охрид пливање
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.