НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија во друштво на земји без ратификација на Парискиот договор

0
By Светлана Јовановска on August 15, 2017 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата се подготвува да го ратификува климатскиот договор од Париз. На 25 јули 2017 година ја усвои Информацијата за ратификацијата на овој договор кој сега треба да оди во Собрание. Точниот датум се уште не е фиксиран но тоа би требало да се случи пред локалните избори закажани за 15 октомври.

Македонија се уште се наоѓа во друштво на земјите кои се уште не го ратификувале договорот како Турција или Русија.

Кај претходната влада немаше политичка волја за ратификација на Парискиот договор а причините ги објаснува Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија. Во претходната влада на СДСМ тој беше министер за животна околина и е автор на повеќе научни трудови од областа на животната средина:

Зоран Шапуриќ

“Нема некои посебно оправдувачки причини зошто Договорот не е ратифициран и покрај заложбите на повеќе институции на ЕУ Македонија да го ратифицира договорот. Можеби ова одолковлекување беше страв на претходната Влада од намалување на емисии стакленички гасови, односно на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклената градина, пред се на ЦO 2. Овде се мисли пред се на постројките на јаглен и тоа како на оние кои произведуваат електрична енергија, така и на оние кои го користат јагленот и мазутот во своите производни процеси. Македонија ионака има преземено низа обврски пред меѓународната заедница за намалување на стакленички гасови пред се преку своето национално законодавство индустриските постројки да добијат А интегрирани еколошки дозволи во рокот кој е веќе истекнат, а енергетските постројки наскоро треба да ги добијат овие дозволи”, објаснува Шапуриќ за НОВА.

Регулативата на ЕУ од оваа област е веќе дел од нашето национално законодавство, но Парискиот договор дава можности за намалување на ЦО2 и други стакленички гасови и во низа други сектори како што се транспортот и сообраќајот, енергетски ефикасна градба и други сектори.

Македонија не е “новајлија” во борбата против климатските промени. Нашата земја ја ратифицираше Рамковната конвенција за климатските промени уште во 1997 година, а потоа и Протоколот од Кјото кој влезе во сила во 2005 година.

Македонија е мала земја и на глобално ниво учествува со 0.03 отсто во вкупната емисија на стакленички гасови. Само за споредба, Кина учествува со над 20 отсто а САД над 18 отсто.

“Но, земјата се обврза да ги намалува постепено емисиите на овие гасови до 2030 година, што значи контрибуција во глобалните напори да се задржи глобалната средна температура на планетата под 2 степени споредено со прединдустрискиот период. Ова не е лесна глобална цел и Македонија да дада свој придонес”, вели Шапуриќ.

Македонија има обврска да ја намалува емисијата на стакленички гасови до 2030 година. Најефикасната мерка, на која инстистираат и многу невладини организации, е намалување на употребата на јагленот. Овие барања се особено гласни во текот на зимата кога големите градови во Македонија се гушат во загаден воздух.

Централите на јаглен и особено РЕК Битола, која произведува 80 отсто од електричната енергија во земјата, треба да бидат модернизирани. Но и редица други мерки се неопходни и сите тие бараат политичка волја и се разбира пари.

Така, земјата треба да воведе гас и да се заложи за енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија. Потребни се поголеми стандарди за моторни возила, на пример итно воведување увоз на возила само со ЕУРО 5 стандард, а потоа и на ЕУРО 6 и следење на трендовите на ЕУ во оваа област. Згради со енергетска ефикасност, спречување на согорување на штетни супстанции во домаќинставта, еколошки сообраќај преку подземни сообраќајници и слични видови на попроточен сообраќај, спречување на уништувањето на шумите и зелените површини.

“Голема штета е направена со популистичката мерка од претходната влада со увоз на половни воизла под сите стандарди или со минимални стандарди, со дозволување на прекумерна и неодржлива градба и со нецелисходното трошење пари за некое скапо осовременување на термо-централите кој не даде, за жал, никакви ефекти”, констатира Шапуриќ.

И додава дека “истовремено покрај обврските со ратификацијата на овој договор Македонија се стекнува со можност да користи меѓународната помош за поддршка за прилагодување на низа сектори загрозени од климатските промени, како што се водниот сектор, земјоделство,шумарство, бидолошка разновидност,туризмот, транспортот или енергетиката”.

Што е Парискиот договор?

 Во декември 2015 година на КОП21 во Париз, по две недели интензивни преговори, 197 земји го потпишаа историскииот договор познат како Париски догово за борба против климатските промени. Досега 147 земји го ратификуваа во нивните парламенти.

Договорот ја пренесува волјата на потписниците за намалување на порастот на температурата под 2 Целизиусови степени во однос на прединдустрискиот период. Но, засега, целите што ги претставија земјите, покажуваат дека температурата на планетата всушност ќе порасне за 3 степени на глобално ниво.

За Меѓувладината група експерти за еволуција на климата (ГИЕК) ова е катастрофално сценарио и тие ги охрабруваат земјите во светот да ги зголемат амбициите во оваа област и секои 5 години да ги ревидираат своите агажмани. Следниот циклус на реевалуација е закажан за 2025 година.

Втор проблем на овој договор е еден вид дозвола дадена на некои земји и големи фирми да го компензираат загадувањето што го предизвикуваат.

И третиот проблем, кој беше најостро критикуван, е тоа што земјите не успеаа во Париз да се договорат и во текстот јасно да кажат дека фосилните ресурси, нафтата и јагленот се првата причина на климатските промени и претставуваат 65 отсто од емисиите на загадувачки гасови.

Трамп го напушти договорот

Парискиот договор влезе во сила на 4 ноември 2016 година откако 55 земји го ратификуваа и ќе стане ефективен во 2020 година.

Тоа се случи на 4 дена пред изборот на Доналд Трамп за претседател на САД.

На крајот на мај Трамп најави дека САД се повлекуваат од договорот. Изјавата, иако очекувана поради ставот на Трамп кон климатските промени, беше вистински шок за светот.

Со тоа САД, Сирија и Никарагва се единствените земји кои нема да имаат потпис на овој договор.

Сирија е во војна од 2011 година па е полесно да се разбере дека таа има големи проблеми и нема време на мисли на климатски промени.

Никарагва одби да го потпише договорот затоа што смета дека не е доволно амбициозен: “Не сакаме да бидеме соучесници во процесот кој го води светот кон пораст на температурата на 3 до 4 степени како и смртта и уништувањето што тоа го претставува”, рече официјална Никарагва.

Сепак, за време на средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, Трамп се обврза дека ќе размисли и дека можеби ќе бара нови преговори кои би биле по пријателски за САД и нејзината индустрија.

Доналд Трамп Зоран Шапуриќ Никарагва Париски договор за климатски промени ратификација САД Сирија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.