НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајановски од градската каса даде уште 50.000 евра за Плоштад ВМРО

1
By Нова ТВ on August 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Плоштадот ВМРО кој се наоѓа пред зградата на партијата ВМРО-ДПМНЕ „изеде“ уште 50.000 евра од скопјани. Градската власт склучи нов договор без тендер со фирмата „Урбан инвест“ од Кавадарци на име непредвидени работи. Со тоа сумата за изградба на плоштадот во дворот на ВМРО-ДПМНЕ се приближува до 2.000.000 евра.

Плоштадот ВМРО почна да се гради во 2014 година со пари од Градот Скопје. Изведувач на градежните работи е фирмата „Урбан инвест“, а досега со неа се склучени неколку договори. За изградба на плоштадот, за изградба на пристапна улица и за осветлување на улицата.

Плоштадот ВМРО е дел од проектот Скопје 2014 кој почна да се гради во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски, но и натаму постојано се склучуваат нови договори за доизградба или непредвидени работи на објектите.

Фирмата „Урбан Инвест“ е меѓу топ 5-те фирми кои добиваат тендери од Град Скопје.

Плоштадот ВМРО предвидува фонтана и столб со релјефи со ликови и настани од историјата на организацијата. Идејното решение е на скулпторката Елена Дуковска која ја доби првата награда на конкурсот на Град Скопје. На конкурсот што го распиша Градот во ноември 2014 година за ова спомен-обележје, пристигнале три труда на уметници. Сите три ѝ биле изложени цели два часа на увид на јавноста на 29 декември, но како што соопштија од Градот, „во предвидениот временски рок од 10:00 часот до 12:00 часот, не се појавил ниту еден субјект и Одборот го затворил Јавното излагање“.

ВМРО-ДПМНЕ Град Скопје Коце Трајановски Никола Груевски Плоштад ВМРО Скопје 2014 тендер
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.