НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје обоено во „црвено-црно“: Вардар го нокаутира Фенербахче

0
By Нова ТВ on August 17, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавите и желбите на Бобан Грнчаров се остварија. Вардар остана непоразен на домашен терен и во третиот европски настап ова лето, но и за победничко добредојде за новиот тренер Чедомир Јаневски. По Малме (3:1) и Копенхаген (1:0) во квалификациите за Лигата на шампиони, на „Телеком арена“ вечерва падна и големиот Фенербахче со 2:0 во првиот меч од плеј-офот за Европа лигата. Барсегјан во 20 минута и Топал со автогол во 92. беа стрелци на головите за македонскиот првак кој е страшно блиску да стане и прв клуб од домашното поднебје што ќе заигра во групна фаза на натпреварување на УЕФА. Реваншот е во Истанбул на 24 август.

Фенербахче играше, Вардар чекаше и дочека. Одличната тактика што ја постави Чедомир Јаневски вроди со плод во првото полувреме. Полуконтрата што севна во 20 минута во гол ја претвори Ерменецот како најава за, резултатски, прекрасната августовска фудбалска вечер во Скопје. Претходно во два наврата се закани и Николов, но без ефект како на колегата од нападот. Гостите од Турција се обидоа да израмнат до паузата меѓутоа Гачевски и дефанзивците пред него љубоморно ја чуваа залихата од еден гол.

Ништо поинаква слика на теренот не донесе ниту продолжението. „Црвено-црните“ останаа доследни на определбата за контри и полуконтри, свесно препуштајќи ја средината на тревникот на екипата на Фенербахче. Гигантот од Истанбул се вложи максимално за израмнување, патот до вардаровата мрежа ја бараше и со нафрлени топки од страничните позиции и преку централниот дел во полето. Пукнатина, сепак, не најде.

Јаневски освежи дел од позициите. Демири го замени со Брдаровски по левата страна, Којашевиќ со Џигаури и во финишот на терен го испрати и Глигоров како поддршка за одбраната наместо офанзивниот Блажевски за целосна контрола на ситуацијата и обезбедување на резултатот. Но, наместо минимален триумф, вардарци прославија, а фановите поздравија, одлична предност за реваншот во Истанбул.

Финишот на мечот донесе две исклучувања меѓутоа и автогол на Фенербахче што ги зафрли во сенка црвените картони за Грнччаров и Соуза. Лошата комуникација на Топал со голманот Камени значеше и дуплирање на водство на Вардар во втората минута од судиското продолжение за ерупција на воодушевување меѓу присутните на „Телеком арена“. Контактот на топката со глава што беше замислен како враќање до сопствениот голман се прероди во лоб, потег што Топал го направи да биде најславениот и најомилен гостински играч во Скопје во последните неколку години.

Вардар – Фенербахче 2:0 (1:0)

Стадион: „Телеком арена“ во Скопје. Гледачи: 20.000. Гл. судија: Лука Банти. Асистенти: Матео Пасери и Фабијано Прети (сите тројца од Италија). Ж. картони: Грнчаров (Вардар); Солдадо (Фенербахче). Ц. картони: Грнчаров 89′ (Вардар); Соуза 90’+3′ за Фенербахче. Стрелци: Барсегјан 20′, Топал 90’+2′ (автогол) за Вардар.

Вардар (формација: 4-2-3-1): Гачевски – Демири (Брдаровски 46′), Новак, Грнчаров, Хамбарцумјан – Спировски, Николов – Блажевски (Глигоров 85′), Којашевиќ (Џигаури 67′), Фелипе – Барсеган. Тренер: Чедомир Јаневски.

Фенербахче (формација: 4-4-2): Камени – Калдирим, Шкртел, Топал, Озбајракли (Чахечоуче 71′)- Валбуена, Туфан (Исла 82′), Соуза, Дирар – Потук, Косе (Солдадо 65′). Тренер: Ајкут Кочаман.

Вардар Лига Европа Плеј-оф Фенербахче фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.