Шалке и Борусија Д. се најавија со победи во новата сезона во Бундеслигата. Тимот од Гелзенкирхен, како домаќин, го совлада Лајпциг, вицешампион од сезоната 2016/17, со 2:0 со головите на Набил Бенталеб во 43 минута од пенал и на Конопљанка во 73. Ако се суди според увертирата, тогаш штотуку почнатото првенство во Германија ќе биде дијаметрално спротивно од претходното во кое сензационалниот состав од „Ред Бул арена“ за првпат загуби во декември од Хамбургер и до самата завршница беше ривал на Баварците во трка за титулата.
Силна најава на амбициите за највисок пласман и од Борусија Дортмунд. „Милионерите“ славеа на гостувањето кај Волфсбург со 3:0. Стрелци за составот на Петер Бош беа Пулишиќ во 22 минута, Бартра во 27. и Обамејанг во 60. во натпреварот што го одбележи и враќањето на Марио Геце по паузата од осум месеци поради метаболичко нарушување што му беше дијагностицирано зимоска. Иако е недоволно физички подготвен, сепак, се најде во стартниот тим и на теренот мина 61 минута.
Бундеслига, 1 коло
Шалке – Лајпциг 2:0
Волфсбург – Борусија Дортмунд 0:3
Мајнц – Хановер 0:1
Хофенхајм – Вердер 1:0
Херта – Штутгарт 2:0
Хамбургер – Аугсбург 1:0
Баерн Минхен – Баер Леверкузен 3:1
Недела
Фрајбург – Ајнтрахт Франкфурт (15,30 ч.)
Борусија Менхенгладбах – Келн (18 ч.)