Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Челзи го покори „Вембли“: Маркос Алонсо го проби Тотенхем (Видео)

0
By Нова ТВ on August 20, 2017 СПОРТ
Фото: sportskeeda.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 20, 2017 19:57

Челзи го доби лондонското дерби со Тотенхем во второто коло во Премиерлигата за прва победа во сезоната. „Сините“ славеа на „Вембли“ со 2:1 со два прекрасни гола на Маркос Алонсо, единствениот за домашните беше дело на Миши Бачуаи по само три минути од влегувањето во игра на местото на Алваро Мората.

Тимот од „Стемфорд бриџ“ поведе во 24 минута по слободниот удар што шпанскиот интернационалец го изведе во стилот на Дејвид Бекам и стекната предност одлично ја чуваше во најголем дел од средбата предизвикувајќи фрустрации кај играчите на Маурисио Покетино.

Залудни беа обидите на „спарси“ за израмнување и покрај статистичките показатели што длабоко беа на нивна страна. Имаа 68 отсто посед на топка наспроти 32 отсто на Челзи и упатија 18 удари кон голот на Тибо Куртоа за разлика од 10. на шампионот, шест од нив беа во рамки на стативите и изведоа дури 11 корнери повеќе (14-3). Нивните обиди за израмнување траеја како цела вечност, па кога самите не можеа до 1:1, помош добија од белгискиот репрезентативец кој само што втрча во терен го матира својот клупски колега и сонародник.

https://www.youtube.com/watch?v=F2A21FcvheE

Меѓутоа двата удара што „сините“ ги насочија кон противничкиот гол завршија во мрежата. Стрелецот на водечкиот погодок за Челзи беше стрелец и на победничкиот во 88 минута. Одлично ја следеше и истрча полуконтрата што го поведе Канте и по асистенција на Педро стави точка на триумфот за симнување на голем товар од грбот на Бачуаи, но и на Конте.

Во вториот меч од денешната премиерлигашка програма Хадерфилд го совлада Њукасл со 1:0.

Маркос Алонсо Премиерлига Тотенхем фудбал Челзи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

ВЕСТИ May 26, 2026

Портпаролот на иранските вооружени сили, Аболфазл Шекарчи, предупреди дека секоја нова агресија против Иран ќе…

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

May 24, 2026

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.