Вардар на убедлив начин се најави кај Фенербахче за реванш плеј-оф мечот за Лига Европа во четврток во Истанбул. „Црвено-црните“ во целост ја оправдаа фаворитската улога против Победа и славеа со 4:0 во рамки на второто коло од домашното фудбалско првенство. Тигран Барсегјан во четвртата минута, Дамир Којашевиќ во судиското екстра време на првиот дел и Бразилците Итало во 68 минута и Луис Фелипе во 86 беа стрелци за македонскиот шампион на стадионот во Ѓорче Петров.
По ремито на Чаир во минатиот викенд, Академија Пандев ја дочека и премиерната прволигашка радост во клупската историја. Дебитантот во елитната конкуренција го совлада Скопје со 2:0. Победникот на стадионот „Младост“ во Струмица беше решен во првите 45 минути. Љупче Дориев реализира во шестата минута, Јани Атанасов погоди во 35 минута.
Победник немаше во мечот меѓу македонските претставници во квалификациите за Лига Европа ова лето. Пелистер и Работнички одиграа 1:1 на теренот „Под Тумбе кафе“ во меч во кој двата гола беа постигнати во второто полувреме. Гостите од Скопје поведоа преку Кире Маркоски во 50 минута, битолчани израмнија со голот на Благоја Љамчевски во 66.
Силекс, вчера, забележа убедлива победа (3:0) против Ренова во Тетово, колото ќе биде комплетирано утре (понеделник) со дуелот меѓу Шкупи и Шкенд
Прва лига, 2 коло
Вардар – Победа 4:0
Пелистер – Работнички 1:1
Академија Пандев – Скопје 2:0
Ренова – Силекс 0:3
Понеделник
Шкупи – Шкендија (17 ч.)
Табела: Силекс 6, Академија Пандев 4, Пелистер 4, Вардар 3, Шкендија 3 (-1), Работнички 2, Шкупи 1 (-1), Ренова 1, Скопје 0, Победа 0.
Идно коло (27 август, 16,30 ч.)
Скопје – Ренова
Победа – Шкупи
Работнички – Вардар
Шкендија – Академија Пандев
Силекс – Пелистер