Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брнабиќ го покани Заев во Белград, планира и заедничка владина седница

0
By Нова ТВ on August 26, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 26, 2017 13:55

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Драч го поканила македонскиот премиер Заев да ја посети Србија во ноември годинава.

„Неговата посета ќе ја искористиме за договор за заедничка седница на двете влади“, истакна Брнабиќ.

На денената средба во Драч, на Самитот на премиери од Западен Балкан, Заев на својата колека Брнабиќ и соопштил дека Македонија ќе биде воздржана доколку дојде до гласање за членство на Косово во УНЕСКО.

Брнабиќ објасни дека македонскиот колега и го потврдил она што и го ветил на самитот во јули на западнобалканската шесторка во Трст.

„Македонија ќе остане на иста линија, односно ќе биде неутрална ако се гласа за влез на Косово во УНЕСКО“, изјави Брнабиќ, пренесе РТС.

Брнабиќ вели дека било констратирано дека на Македонија и е многу важно пријателството со Србија и дека тоа ќе биде „јасен сигнал за посилно пријателство и силни врски со Србија, така да очекувам дека тоа прашање нема да се отвора“.

Хан: Проблемот меѓу Македонија и Србија се реши без посредство на ЕУ

На денешната прес конференција во Драч, еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан, изјави дека дипломатскиот проблем меѓу Македонија и Србија се појави и беше решен така брзо што немаше потреба од вклучување на Европската унија.

„Секако дека би сакал да се запознаам подобро со причините за овој проблем, но добро е што веќе постои доверлива врска меѓу лидерите на двете земји и тоа што остварија брз телефонски разговор“, рече Хан.

Тој го посочи како позитивен, начинот на кој беше решен проблемот што покажува дека постои позитивен развој во регионот и се надева дека ќе продолжи и во иднина.

„Првиот разговор меѓу двајцата лидери покажува дека постои самодоверба кај политичарите за надминување на овие прашања и моето очекување е дека ваквите работи се настани од минатото“, додаде Хан.

Ана Брнабиќ Драч Зоран Заев Јоханес Хан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026

Амбуланта во Украина има потреба од генератор: Како можете да помогнете

October 27, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.