НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Секретарот за одбрана контра Трамп:Дипломатијата е опција за Пјонгјанг

0
By Нова ТВ on August 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Само неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер порача дека „разговорот не е одговор“ за решавање на проблемот со ракетните проби на Северна Кореја, секретарот за одбрана Џејмс Матис изрази спротивставено мислење.

Тој на состанокот во Вашингтон со министерот за одбрана на Јужна Кореа Сонг Јунг Мо рече дека Соединетите држави никогаш не биле надвор од дипломатските опции.

-Не, ние никогаш не сме надвор од дипломатски решенија, ние продолжуваме да работиме заедно, а министерот и јас ја делиме одговорноста да обезбедиме заштита на нашите народи, на нашето население и на нашите интереси, рече Матис.

Во меѓувреме, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров побара од Соединетите држави да се воздржат од воена акција против Северна Кореја.

Тој имал телефонски разговор со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон. Лавров, како што соопшти руското министерство за надворешни работи, му рекол на Тилерсон дека секаква американска воена акција против Северна Кореја ќе биде „полна со непредвидливи последици“.

Претходно, претседателот Доналд Трамп исклучи секакви дипломатски преговори со Северна Кореја, порачувајќи дека Соединетите држави 25 години разговараа со Северна Кореја и оти „разговорот не е одговор“.

Тој исто така му порачал на Тилерсон дека евентуални натамошни санкции врз Северна Кореја ќе бидат контрапродуктивни. Јапонија по лансирањето на ракетата врз нејзинот северен остров Хокаидо побара дополнителни санкции врз Северна Кореја.

Советот за безбедност во вторникот на итната седница го осуди Пјонгјанг, но не побара нови санкции.

Во вторникот Северна Кореја лансира ракета која може да носи нуклеарна боева глава, и беше директно насочена над Јапонија. Според експертите ова претставува најголемата провокација досега и е забрането според меѓународното право.

Матис Северна Кореја Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.