Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Ју-Ес опен: Плишкова „преживеа“, во осминафинале и Дел Потро

0
By Нова ТВ on September 2, 2017 СПОРТ
Фото: usopen.org
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 2, 2017 22:22

Малку недостасуваше за Каролина Плишкова да направи „од готово – вересија“, а Ју-Ес опен да остане без првата носителка по мечевите од третото коло. Чешката тенисерка спаси меч топка во вториот сет, имаше 0:2 во решавачкиот и спасуваше брејк за 0:3, но успеа да се извлече од непријатната ситуација на „Артур Еш“ и на крајот да слави пласман во осминафинале на гренслемот во Њујорк по триумфот против кинеската ветеранка, Шуаи Жанг со 3:6, 7:5, 6:4.

„Не дозволив да ме фати паника, но да бидам искрена не бев ниту смирена“, рече Плишкова за пресвртот и освојување на вториот сет, за надминување на кризата во третиот и за трасирање на патот до дуел со подобрата од мечот меѓу Брејди и Никулеску.

Статистиката од натпреварот покажува на, речиси, израмнет сооднос на Плишкова и Жанг. Двете забележаа по 33 директни поени, првиот женски рекет на Чешка направи 38 неизнудени грешки, Кинеската ги имаше осум повеќе, а вкупниот резултат во поени гласеше 108:106 во полза на прворангираната тенисерка на американскиот гренслем.

Фото: usopen.org

Дел од Ју-Ес опен во втората натпреварувачка недела и за Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. Шампионот од 2009 година се проби до осминафинале по победата над 12 носител, Роберто Баутиста Агут од Шпанија со 6:3, 6:3, 6:4 за што му требаа нешто повеќе од два часа игра.

Дел Потро, кој сè уште е без загубен сет по дуелите со Лаксонен, Менендеш Масеираш и Баутиста Агут, во наредното коло ќе игра со Австриецот Доминик Тим.

Ју-Ес опен – натпреварувачки ден 6

Жени, 3 коло

Ka. Плишкова (1., Чешка) – Жанг (27., Кина) 3:6, 7:5, 6:4

Касаткина (Русија) – Остапенко (12., Летонија) 6:3, 6:2

Сафарова (Чешка) – Нара (Јапонија) 6:3, 6:2

Канепи (Естонија) – Осака (Јапонија) 6:3, 2:6, 7:5

Мажи, 3 коло

Тим (6., Австрија) – Манарино (30., Франција) 7:5, 6:3, 6:4

Дел Потро (24., Аргентина) – Баутиста Агит (12., Шпанија) 6:3, 6:3, 6:4

Колшрајбер (33., Германија) – Милман (Австралија) 7:5, 6:2, 6:4

Долгополов (Украина) – Троицки (Србија) 6:1, 6:0, 6:4

Ју-Ес опен Каролина Плишкова тенис Хуан Мартин дел Потро
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.