Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини оцени на Блед дека примената на Арбиттражниот суд за границата мешу Словенија и Хрватска за Пиранскиот залив била многу важна и порача дека и натаму се водат преговори со Турција која е земја партнер и кандидат за членство во ЕУ.
Могерини која учествува на стратешкиот форум на Блед пред почетокот на собирот за новинарите изјави дека е многу важно за обете земји членки на ЕУ, но и за регионот, да ја почитуваат одлуката.
Запрашана за преговорите на ЕУ со Турција, Могерини рече дека разговорите ќе продолжат.
-Пред еден ипол месец имавме политички дијалог во Брисел. Не се согласуваме со се, пред се во делот на човековите права, но разговорите продолжуваат. Турција е наш партнер и земја кандидат, рече Могерини.
Германската канцеларка Ангела Меркел во предизборниот дуел со противкандидатот Марин Шулц вчера изјави дека Турција не би требала да стане членка на ЕУ и ќе побара од унијата да го прекине преговорите со Анкара.
-Не гледам дека тие (Турците) би можеле некогаш да се приклучат на Унијата и никогаш не сум верувала дека тоа ќе се случи, изјави Меркел, додавајќи дека ќе разговара со своите колеги во Унијата за да постигнат единствен став за завршување на преговорите за турското членство.