НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија и Словачка мора да примат мигранти, одлучи Европскиот суд

1
By Нова ТВ on September 6, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот суд на правдата го отфрли барањето од Унгарија и Словачка, поддржано од Полска, за отфрлање на квотите за примање на мигранти од Африка и од Блискиот Исток.

Унгарија не прифати ниту еден барател на азил, откако пред две години беа воведени  задолжителните квоти. Тие беа обид да се олесни притисокот врз земјите кои беа први на удар на мигрантите, Грција и Италија.

Помалку од 28.000 луѓе беа распоредени врз основа на квотите, наместо 160.000 баратели на азил кои беа предвидени кога квотите беа договорене во септември 2015 година.

Официјалните претставници на ЕУ инсистираа од самиот почеток дека квотите се обврзувачки за сите земји-членки, без оглед дали гласале за тоа или не. Унгарија, Словачка, Чешка и Романија се спротивставија на квотите.

Ова е прашање што ја подели Европската унија.

При поднесувањето на предметот до Судот на правдата, Унгарија и Словачка тврдеа дека има процедурални грешки и дека квотите не биле соодветен одговор на мигрантската криза.

Нивниот случај беше одбиен со одлуката на ЕСП денеска.

-Судот ги отфрли постапките на Словачка и Унгарија против привремениот механизам за задолжително преместување на барателите на азил, се вели во соопштението.

-Овој механизам, всушност, придонесува Грција и Италија да се справат со влијанието на миграционата криза во 2015 година и е пропорционален, се вели во одлуката.

Одлуката, иако очекувана, беше одложувана преку две години, додека ЕУ го преживуваше Брегзит, безбедносните закани и меѓународните предизвици.

Речиси 2 милиони мигранти пристигнаа во ЕУ од 2014 година, со голем бран миграција во 2015 година. Со договорот за затворање на рутата од Турција до Грција, овој бран е запрен, а беа вложени и многу напори за поддршка на Либија за да се спречи заминување за Италија.

 

бегалци ЕСП Мигранти Словачка Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.