НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тероризам во Лондон: Експлодирала пластична кофа со непозната содржина

0
By Нова ТВ on September 15, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалку едно лице се здобило со изгореници на лицето во експлозијата во лондонската метро станица Парсонс грин, во инцидентот што лондонската полиција официјално го прогласи за „тероризам“.

Попладнево е закажан состанок на Комитетот за итни ситуации што ќе го предводи премиерската Тереза Меј.

На станицата во југозападен Лондон експлодирала пластична кофа, но се уште не се знае што имало во неа.

Armed policemen stand by cordon outside Parsons Green tube station in London, Britain September 15, 2017. REUTERS/Kevin Coombs

Очевидците од самото место биле оддалечени десетина метри и сведочат дека виделе огнена топка, од која засега официјално е повредено едно лице, кое се здобило со изгореници.

Останатите се повредени во стампедото кое уследило, откако настанала општа паника во метро станицата. Дваесет и двајца се пренесени во болница.

Делови од лондонското метро се затворени, а тешко вооружена полиција е на самото место, додека антитерорстичкиот оддел започна истрага.

Скотланд Јард соопшти дека нема извештаи дека има уште некоја експлозивна направа.

Британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изјави за Скај њуз дека е многу важно во овој момент да не се изнесуваат шпекулации.

-Очигледно, сите би требало да останат мирни и да продолжат нормално со животот, колку што е тоа можно, рече Џонсон.

На фотографиите до социјалните мрежи се гледа кеса од супермаркет со бела кофа од која излегува пламен и жици кои се гледаат од неа.

Презентарката на вести на Би Би Си истакнува дека видела жена на носилка со изгореници на лицето и нозете.

Лондон метро тероризам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.