НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Ангеловски прво го нападнал Заев, па ја кубел Шекеринска

2
By Нова ТВ on September 19, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рочиштето во кое Панче Ангеловски е обвинет за насилство врз министерката за одбрана Радмила Шекеринска и премиерот Зоран Заев е одложено на барање на Драган Пешевски, адвокат на Ангеловски. Пешевски рече дека на денешното рочиште, прв пат го сретнал обвинетиот и затоа побара судот да му остави можност да го посоветува околу случајот.

„Се уште не можам да сфатам кои биле мотивите на овој обвинет да ги презеде дејствијата што ги презел. Исто така, морам на судот да му кажам дека откако по службена должност сум избран како бранител на обвинетиот, досега не сум имал можност да стапам во контакт со него затоа што тој нема ниту фиксен ниту мобилен телефон за комуникација. Обвинетиот е правно неук човек и сметам дека пред искажувањето за вина, судот треба да ми даде одредено време да го советувам со правно мислење“, рече Пешевски.

Пред одложувањето на рочиштето пред судот се обрати обвинителката Наташа Гаџоска, која рече дека насилниците кога влегле во прес- салата во Собранието, фрлале по пратениците со се што ќе им се најде пред очи, столици, шишиња и стативи.

„Обвинетиот Панче бил дел од првата група луѓе кои влегле во Собранието. Се движел низ ходниците и потоа со оние најсилните влегол во прес-салата. Тој прво насилството го насочил кон Зоран Заев, а потоа кон Радмила Шеќеринска. Двајцата се здобиле со тешки телесни повреди. Судот од доказите кои ќе ги презентираме и од исказите на сведоците ќе има можност да создаде реална слика за тоа што се случувало во судот. Обвинителството верува дека ќе донесе осудителна пресуда“, рече обвинителката.

Филип Медарски, адвокатот на оштетените Заев и Шекеринска рече дека ќе побараат отштета, но видот и висината ќе се утврди во текот на постапката.

За ова кривично дело предвидена е казна затвор во траење од 3 до 10 години. Ова е еден од првите предмети кои се процесираат за нападот, откако судот донесе пресуда за деветмина кои поминаа со условна казна.

Шекеринска денеска во изјава за медиумите рече дека насилството кое се случи на 27 април во Собранието мора да биде казнето.

„Мора да одговараат и нарачателите-организаторите и оние кои на дело го спроведоа насилството. Мислам дека сите оние насилници кои беа платени и изманипулирани да убијат, да повредат мора да сфатат дека некој ги втурна во извршување на кривично дело. Овие настани покажаа колку е тенка линијата помеѓу мир и нестабилност – конфликт и затоа одговорноста за овие настини мора да оди и за насилниците и за оние кои го организираа ова. На 27 април сите ние бевме повредени, но најголемата повреда и беше направена на Македонија и некој мора да понесе одговорност за тоа. Јас се надевам дека со овие судски постапки ќе се дојде до вистината и ќе се дознае  кои беа оние кои беа искористени и платени, а кои беа оние кои стоеја во позадината на се ова. Од овие случаи мора да испратиме порака дека насилството не се исплати и дека тоа мора да запре“, рече Шекеринска.

Таа рече дека одговорноста е многу поголема кај оние кои го организираа настанот и ги организираа сите луѓе, кои им овозможија и дозволија да влезат во собранието, отколку кон оние кои удрија по пратениците и новинарите.

27.април За заедничка Македонија насилство пратеници протести Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.