НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владимир Панчевски се сомничи за местење на судски предмети

3
By Нова ТВ on October 5, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска по завршениот претрес во кандецалеријата на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, рече дека се работи за предистражна постапка за оддавање службена тајна, но и за злоупотреби на АКМИС системот преку кој се врши распределба на судските предмети.

“Со наредба од судот ги одземавме сите податоци од компјутерскиот систем за распоредување на предмети. Едната предистражна постапка е поврзана со друг предмет кој произлегува од прислушуваните разговори”, рече Јанева.

Како што рече Јанева, лицата биле цел на оперативно следење и се поврзани со предмет кој произлегува од друга постапка на СЈО. Таа рече дека претреси се вршат и во канцелариите на информатичарите во судот и во семејни домови на информатичарите и на Панчевски. Одговарајќи на новинарско прашање, Јанева рече дека се спмневале дека се местеле предмети и дека издавале податоци за лица поврзани со случаи на СЈО. Таа не сакаше да открие за кои лица станува збор и дека тоа ќе го откријат во понатамошната постапка.

Панчевски во изминатава година и половина, откако беше формирано Специјалното јавно обвинителство, постојано е прозиван дека е извршител на нарачките на власта и кочничар за случаите кои ги отвори СЈО.

Од судот на чие чело е тој се одбиваа речиси сите барања за мерки за претпазливост, притвор, увид во предмети, налози за претрес, изземање на судии кои ги доставува Катица Јанева. И постојано излегува со соопштенија со политички квалификации за неговите колеги од СЈО, кои ги обвинува дека се нестручни и тенденциозни.

Владимир Панчевски од 2003-2008 година работи во Министерството за финансии, во одделот на финансиска полиција. Неговото прво вработување во Кривичниот суд е од 2008 година каде што една година работи како истражен судија. Со доаѓањето на Лидија Неделковска за Претседателка во Кривичниот суд, Панчевски е прераспореден во Одделот за организиран криминал и му се доделени дел од најзначајните предмети од организиран криминал. Постапува во повторената постапка за случајот „Армиско оружје“, како и случајот „Пепел“ 2 во кој му се судеше на кумановскиот тутунски бос Бајруш Сејдиу.

Панчевски си замина со службено возило од службениот влез на судот без да одговори на прашања на новинарите.

https://novatv.mk/wp-content/uploads/2017/10/video-1507217494.mp4
АКМИС Владимир Панчевски Катица Јанева Кривичен суд претрес СЈО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.