Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ракомет, ЛШ: Вардар со реми во Сегед, тенко беше меѓу победа и пораз

0
By Нова ТВ on October 7, 2017 СПОРТ
Фото: ehfcl.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 7, 2017 20:58

Ракометарите на Вардар ремизираа во најсериозниот испит од досегашниот тек на Лигата на шампиони. Европскиот првак одигра 26:26 на гостувањето во Унгарија кај екипата на ПИК Сегед во меч од четвртото коло во групата А, но останува на чело на табелата до завршување на дуелот меѓу Барселона и Нант на Кире Лазаров што се игра вечерва.

„Црвено-црните“ можеа и до победа што ќе беше петта во низа над ривалот од Сегед доколку Тимур Дибиров ја реализира контрата на 15 секунди до крајот. Меѓутоа тенка беше линијата и до пораз со оглед дека во завршните 120 секунди се влезе со 26:24 за домашните. Вардарци, сепак, успеаја да го запрат унгарскиот состав со црвста игра во одбрана и со головите на Борозан и Македа да ја поништат негативата.

Конечниот исход на средбата е огледало на сиот нејзин тек што мина во, речиси, резултатски егал. ПИК Сегед најчесто беше во водство, а притоа не успеа да направи посериозно бегство од два до три гола разлика. Вардарци имаа издание со голем број на технички грешки и нереализирани напади, но, за нивна среќа, се враќаа во чекор со противникот. Во првото полувреме заостануваа и три гола (13:10) на што возвратија со низа од три гола, во второто полувреме израмнија само двапати (20:20 и 21:21) и, се разбира, во последната минута по што резултатот остана непроменет иако ПИК Сегед го имаше завршниот напад во кој неговите играчи беа одлично затворени за осигурување на бодот.

Денис Бунтиќ беше најефикасен ракометар кај унгарскиот претставник со пет гола, вардарецот Вуко Борозан со осум реализации го понесе епитетот прв стрелец во „Вароши Спортзамок“ во Сегедин.

Наредната сабота (17,30 ч.) во СЦ „Јане Сандански“ гостува моќната Барселона во дербито на петтото коло во ЛШ.

ПИК Сегед – Вардар 26:26 (14:13)

Сала: „Вароши Спортзамок“ во Сегедин. Гледачи: 3,200. Судии: Андреј Гушко и Шархеи Репкин (двајцата од Белорусија).

ПИК Сегед: Сиера Мендеш (11 одбрани), Шего, Калман 3, Бодо 2, Сигурмансон 2, Горбок 1, Гонсалвеш, Фекете, Зубаи, Балог 2, Скубе 4, Блажевиќ, Габер 3, Шоштариќ 2, Бунтиќ 5, Житников 2. Тренер: Хуан Карлос Пастор Гомез.

Седмерци: 3/4. Исклучувања: 8 минути.

Вардар: Штербик (13 одбрани, 1 седмерец), Милиќ, Стоилов, Недановски, Кристопанс 2, Фереира Мораеш 1, Македа 2, Абутовиќ, Кањелјас 1, Циндриќ 7, Чупиќ 3, Дибиров 1, Шишкарев 1, Борозан 8, Војводиќ, Марсениќ. Тренер: Раул Гонзалез.

Седмерци: 3/5. Исклучувања: 4 минути.

Вардар Лига на шампиони ПИК Сегед ракомет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.