Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Една година рок за Универзитетот на Сорос за прилагодување на законот

0
By Светлана Јовановска on October 14, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 14, 2017 11:47

Централно-европскиот универзитет (ЦЕУ) во Будимпшта ќе добие уште една година рок за да се прилагоди на новиот контроверзен унгарски закон за високо образование.

Критичарите на овој закон велат дека тој е донесен за да може унгарската влада на Виктор Орбан да го затвори овој универзитет финансиран од милијардерот Џорџ Сорос.

Според новиот унгарски закон, ЦЕУ, за да може да постои во Унгарија, мора да има свој центар и во матичната земја. Во овој случај тоа би биле САД бидејќи Сорос е американски државјанин.

Ова правило важи за сите 28 странски унверзитети во Унгарија а ЦЕУ е единствен што не го исполнува овој услов. Унгарската влада одлучи рокот за исполнување на условот да го продолжи до јануари 2019 година.

Унгарија и ЦЕУ влегоа во преговори ова лето со цел да се најде договор.

ЦЕУ, кој важи за еден од најдобрите европски високо-школски установи, беше основан во 1991 година по падот на комунизмот со цел да промовира добро владеење, траен развој и социјални реформи. На ЦЕУ има студенти од 117 земји а голем дел доаѓаат од балканските и источно-европските земји.

Најавите на унгарската влада за нов закон што е закана за постоењето на ЦЕУ предизвикаа бран поддршка за ЦЕУ низ цела Европа.

Будимпшта Виктор Орбан Унгарија Централно-европскиот универзитет ЦЕУ Џорџ Сорос
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.