НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Димитров: Косово во УНЕСКО е прашање кое дели два наши соседи

0
By Нова ТВ on October 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

– Македонија нема да има клучна улога околу приемот на Косово во УНЕСКО, но одлуката ќе ја донесеме во согласност со интересите на Македонија и интересите на нашите сограѓани припадници на албанската заедница, изјави денеска шефот на македонската дипломатија Никола Димитров по средбата со својот косовски колега Беџет Пацоли, кој престојува во прва официјална посета на земјава.

-Апликацијата и кандидатурата е одложена за извесно време. Македонија ова прашање го третира со исклучителна внимателност, бидејќи се работи за прашање коешто дели наши два соседa коишто сакаме да бидат на иста страна. Ние нема да имаме тука клучна улога токму поради тоа што ова прашање тангира наши два соседа, но ако тоа дојде на дневен ред, ќе го имаме предвид интересот на нашите пријатели од Косово, на нашите пријатели од Србија и ќе однесеме одлука согласно интeресите на Република Македонија, што ги вклучуваат и интересите на нашите сограѓани припадници на албанската заедница, изјави Димитров.

Министерот Пацоли рече дека Косово очекува поддршка од Македонија за влез во меѓународните институции и дека секое искуство од наша страна ќе им биде драгоцено и добредојдено. Пацоли изрази поддршка за членството на Македонија во НАТО, зошто, како што рече, стабилноста на Македонија ќе значи стабилно Косово.

-Каде и кога и да треба ние секогаш ќе дадеме поддршка на Македонија така како што Македонија го има правено за нас, го прави и ќе продолжи да го прави во иднина за нас. Ние сме две соседни земји, а во нашата албанска традиција се вели: „соседот не се бира и наша судбина е да соработуваме заеднички, изјави Пацоли.

 

Двајцата министри изразија задоволство од разговорите на кои фокусот бил заедничката економска соработка и можноста за продлабочување на билатералните односи. Пацоли рече дека разговарале и за можноста за воведување слободна економска и безцаринска зона меѓу двете земји.

-Јас сум среќен што беше остварена мојата идеја да се патува меѓу двете земји со лични карти. Имаме и други идеи кои треба да се реализираат, на пример да се направи слободна економска зона, тоа е нешто што е неопходно, што ќе им помогне и на компаниите, но и на буџетите на двете земји, изјави Пацоли.

Беџет пацоли Косово Никола Димитров Унеско
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.